Вести

РК АЛКАЛОИД СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА

РК ДОБОВА – РК АЛКАЛОИД 24:33 (12:14)
Сала: „Добова“ во Добова, Словенија
РК ДОБОВА: Гродник, Герјович 1, Фабек, Благојевиќ, Ромж 2, Житковиќ, Масловак, Рамтах, Младкович 5, Пекенлак 1, Кожович, Тајник 1, Абрамовиќ 9, Вершовник 2, Јовановиќ 3
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин.

РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Трајковски 1, Галевски 1, Џонов, Маркоски 2, Стојков 1, Младеновиќ 2, Серафимов 9, Стојчевиќ, Стојковиќ 4, М. Митев 2, Ѓоргиев 2, Омерагиќ 1, Кофилоски 1, Петковски 1, Бинго 5, Савревски 1
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид заврши со настапите на мини турнејата што ја имаше во Хрватска и Словенија, со победа над екипата на РК Добова од 33:24.
На последниот настап, ракометарите на РК Алкалоид одиграа резултатски рамноправно и тесно прво полувреме во кое го диктираа резултатот и водеа со 7:5, 10:9, а на полувреме беше 14:12.
Во второто полувреме, уште во раната фаза предноста беше удвоена (18:14), а потоа нашиот тим стигна и до највисоките плус шест (24:18). До крајот на средбата домашните не успеаја да го загрозат водството на нашиот тим, напротив, РК Алкалоид поведе и со седум гола разлика, за конечно мечот да заврши со триумф од девет гола 33:24.

Мартин Серафимов со девет гола, Арно Бинго со пет и Марко Стојковиќ со четири погодоци беа најефикасните ракометари во нашиот состав.
РК Алкалоид по ова се враќа во Македонија каде што ќе продолжи да се подготвува за настапите во Суперлигата и во EHF Европската лига.

Вести

РК Мулти Есенс втор на турнирот во Прилеп

РК ДУБОЧИЦА – РК МУЛТИ ЕСЕНС 30-21 (18-10)
Сала: РР Ричко во Прилеп. Судии: Митревски и Тодоровоски. Делегат: Цветкоски
РК ДУБОЧИЦА: Павловиќ, Миличевиќ 2, Радуловиќ 5, Петровиќ 1, Трајковиќ, Митровиќ, А. Митровиќ, Спасиќ 3, Атанасковиќ 1, Цветковиќ 1, Ристовиќ 8, М. Павловиќ, Ангелковиќ 6, Милошевиќ 1, Коциќ, Арџелан
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 2 мин.

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Василевски, Ерманоски, Димевски 2, Костовски 1, Илиески 6, Петковски 1, Петрески, Трајчев, Омерагиќ 1, Трајковски, Г/ Ѓоргиевски, Тодески 2, Узунчев 1, Ј. Трајковски, Јорданов 1, Димовски 2, Карасманакис 1
Седмерци: 6/7 Исклучувања: –

РК Мулти Есенс го освои второто место на осмиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ што се одржа во Прилеп.
Нашиот тим денеска во финалето на турнирот се сретна со екипата на РК Дубочица, а средбата на која немаше резултатска неизвесно заврши со резултат 30-21 за српската екипа.
Сѐ беше решено во раната фаза на мечот во која противничката екипа направи предност од 7-2, што нашиот млад тим во продолжението не успеа да го анулира и го освои второто место.

Нашиот ракометар, Божидар Илиески беше прогласен за најкорисен играч на турнирот.

Вести

РК Алкалоид победи на третата контрола во Хрватска

МРК СЕСВЕТЕ – РК АЛКАЛОИД 28:29 (16:15)
СШ „Јелковец“ во Загреб
МРК СЕСВЕТЕ: Топиќ 2, Томиќ 1, Финек 1, Штрковиќ 3, Јеловчиќ 2, Чук 1, Турчиќ 2, Думенчиќ 3, Годец 4, Гавриќ 1, Хршак 8, Прпиќ, Шукер
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Трајковски, Галевски, Маркоски 1, Савревски 1, Ѓоргиев 1, М. Митев 2, Џонов 2, Стојковиќ 3, Серафимов 6, Стојков 3, Бинго 7, Младеновиќ 2, Омерагиќ, Стојчевиќ, Кофилоски, Петковски 1

РК Алкалоид го совлада тимот на Сесвете со резултат 29:28 на својот трет контролен натпревар одигран во Хрватска. Цврстиот домашен состав кој минатата сезона го освои третото место во првенството на Хрватска беше добар предизвик за нашиот тим, а тренерот Кирил Лазаров имаше можност да ги испроба ракометарите против мотивирана и квалитетна екипа која до последен момент се бореше да остане непоразена.
Нашиот тим, резултатски натпреварот го прекрши на 12 минути до крајот, кога прв пат поведе со три гола разлика (26:23). Потоа, успеа да се одбрани од обидите на домаќините да израмнат и запиша минимална победа.
Арно Бинго со седум погодоци беше најефикасен, Мартин Серафимов беше стрелец на шест погодоци.
Во вторник, РК Алкалоид ќе го одигра последниот меч, против РК Добова од Словенија, по што се враќа назад во Македонија.

Вести

РК Мулти Есенс ќе игра во финалето на турнирот во Прилеп

РК Т. ПРОЛЕТ – РК МУЛТИ ЕСЕНС 25-30 (12-16)
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Седлоски и Ангелески. Делегат: Цветкоски
Т. ПРОЛЕТ: Иваноски 1, Николовски 2, Пецаковски, Василевски 7, Кочаров, Додевски, Андоновски 7, Петковски, Мајнов, Димовски 2, Стојановски 2, Михаљевиќ, Спасоски, Арсеновски 2, Тотиќ
Седмерци: / Исклучувања: 8 мин.

МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Василевски, Димевски 4, Костовски 4, Илиески 2, Петковски, Омерагиќ 1, Ѓоргиевски, Тодески 1, Узунчев, Димовски 5, Јорданов 6, Карасманакис 5
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин.

РК Мулти Есенс ќе игра во финалето на осмиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ што се одржува во Прилеп.
Нашиот тим денеска го совлада суперлигашот РК Тинекс Пролет со резултат 29-25 и со скор од две победи и еден нерешен меч го освои првото место во групата.
Денеска нашиот тим одигра одличен натпревар на кој имаше водство и контрола во текот на целата средба. Во првото полувреме по израмнетиот старт, со серија од 6:1 стигнавме до водство од 16-11, по што на полувреме се замина со резултат 16:12.
Во второто полувреме, успешно париравме и ја одржувавме разлката од два до четири гола, сѐ до конечните 29-25.
Олег Јорданов со шест гола беше најефикасен во нашиот тим, а по пет погодоци постигнаа Мартин Димовски и Валентин Карасманакис.
Утрешниот меч за прво место е закажан за 16:00 часот.

Вести

РК Алкалоид ги одмери силите и со ППД Загреб

​РК ЗАГРЕБ – РК АЛКАЛОИД 31-25 (15-14)
СШ „Јелковец“ во Загреб. Судии: Кухар и Пречец од Хрватска
РК ППД ЗАГРЕБ: Грбавац, Пантјар, Кос 6, Чавар 1, Валчак 3, Фаљиќ, Кларица 2, Гојун, Клис, Краљевиќ, Сиротиќ, Чупиќ 5, Дибиров 7, Моралес 2, Кавчич 5, Сухолежник 1
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 8 мин.


РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Галевски, Трајковски, Маркоски 1, Стојков 3, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Стојковиќ, Стојчевиќ, М. Митев 6, Омерагиќ, Ѓоргиев 4, Бинго 2, Кофилоски, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид го одигра и вториот контролен натпревар во рамките на мини турнејата во Хрватска. Вечерва противник на нашиот тим беше екипата на ППД Загреб, првакот на Хрватска.
Мечот беше израмнет во текот на целото прво полувреме со тоа што по водството на РК Алкалоид од 6:5, Загреб влезе во серија од 5:0 и поведе со 10:6.
РК Алкалоид на ова врати со своја серија од 4:0 и израмни на 10:10 во 23 минута.
Четири минути подоцна имавме водство од 14-13, но последните два гола ги постигнаа домашните и на одмор се замина со резултат 15-14.

Во вториот дел, домашниот тим успеа да поведе со два гола (18-16), а потоа и ја удвои разлика на плус четири. Толкава беше дистанцата и во 59 минута, но во последната минута од мечот домашните постигнаа уште два погодока и средбата заврши со резултат 31-25.

Утре, недела, РК Алкалоид ќе го одигра и третиот контролен натпревар, а противник ќе биде екипата на РК Сесвете. Почетокот на мечот е закажан за 19:00 часот.

Вести

РК Мулти Есенс одигра без победник со РК Е. Пелистер 2

РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС 34-34 (16-14)
Сала: „Р.Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Седлоски и Ангелески. Делегат: Огненов
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Марковски 3, Талески 3, Ристевски 1, Митревски, Мирчевски, Младенов, Димитровски, Трпчевски 6, Калајџиески 4, Ивановски 7, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 6, Хаџиќ
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Василевски, Ерманоски, Димевски 6, Костовски 4, Илиески 5, Петковски, Петрески 1, Трајчев, Трајковски, Ѓоргиевски, Тодески, Узунчев, Димовски 6, Јорданов 9, Карасманакис 3
Седмерци: 4/4 Исклучивања: 6 мин.


По победата над Кокс од Финска во првото коло, РК Мулти Есенс денеска во второто коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што се одржува во Прилеп се сретна со македонскиот суперлигаш Е. Пелистер 2.

Оваа средба заврши без победник 34:34 откако во текот на целиот натпревар се водеше израмнета битка. По резултатски израмнетото прво полувреме кое заврши со резултат 16:24 за Е. Пелистер, битолскиот тим водеше и во поголемиот дел од второто полувреме. Но, нашите млади ракометари не попуштија, постојано се враќаа во игра, а пред крајот на натпреварот направија серија од 6-1 со која за момент и го преземаа водството.


На крајот, бодовите беа поделени со гол постигнат на помалку од десет секунди до крајот.
Олег Јорданов со девет гола и Давид Димевски и Мартин Димовски со по шест беа најефикасните ракометари на нашиот тим.

Утре, во рамките на последното коло од групата РК Мулти Есенс ќе игра со екипата на РК Тинекс Пролет. Почетокот на овој меч е закажан за 15:00 часот.