Вести

Алкалоид убедлив против Куманово за трета победа

РК АЛКАЛОИД – МРК КУМАНОВО 37-21 (16-9)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Душко Камишевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски, Тордарсон 5, Сухолежник, Стојковиќ 3, М. Митев 3, Ѓоргиев, Велковски 1, Николов 5, Цехте, Костески 3, Петковски 5, Д. Митев, Борзаш 3, Ѓорговски 3
Седмерци: 5/8 Исклучувања: 8 мин.
МРК КУМАНОВО: Младеновиќ, Цавејски, М. Трајковски, Г. Трајковски 2, Мечкароски, Димитров 1, Вујичевски, Костов 9, Цветковски, Стојановски 2, Новаковски, Цветковски, Гичев 3, Мохамед Алу, Радван Ибрахим, Омар Радван 4
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 10 мин.

Екипата на РК Алкалоид го совлада тимот на МРК Куманово и ја запиша третата првенствена победа сезонава.
Гостинскиот состав доста солидно ги одигра првиот дел од првото полувреме. РК Алкалоид водеше од првата минута, но вршеа притисок гостинските ракометари повеќе од 20 минути (10-8, 23 минута).

Потоа комплетно ја презема контролата екипата на РК Алкалоид. Со два погодока на Емилијан Ѓорговски и еден на Марко Митев, РК Алкалоид поведе со 13-8 што беше првото поголемо водство на натпреварот, но и најава за тоа во кој правец ќе се развиваат настаните во продолжението на натпреварот.
До крајот на полувремето, РК Алкалоид кој беше и домаќин на оваа средба, стигна до предност од 16-9.
Разликата од 6-7 гола предност беше актуелна и во првите десетина минути од второто полувреме. Потоа РК Алкалоид стигна и до плус девет гола (21-12, 41 минута), а прв пат разликата стана двоцифрена во 48 минута кога Тордарсон од контранапад погоди за 27-17. До крајот на натпреварот, РК Алкалоид ја зголеми предноста и ја потврди победата.

Вести

ВТОРА ПОБЕДА ЗА РК АЛКАЛОИД

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЛКАЛОИД 27-31 (10-11)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола Судии: Иван Илиевски и Александар Суко̀вски
Делегат: Игор Огненов

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: Фехми, Младенов (4 одб), Димевски 7, Лозановски 1, Стојков 2, Митревски 2, Шулевски 2, Лазаревски, Илиески 2, Дамчевски, Симоновски 1, Славков, Крстевски, Дрогришки 1, Ѓорѓиевски, Симоновски 9
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (2 одб), Галевски (11 одб), Џонов 1, Тордарсон 3, Сухолежник, Стојковиќ 2, М. Митев 6, Ѓоргиев 4, Велковски, Цехте 3, Ненад Костески 5, Петковски 1, Д. Митев, Борзаш 2, Аларов 2, Борозан 2
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 6 мин.



Екипата на РК Алкалоид стигна до втората првенствена победа, откако на гостувањето во Битола го совлада РК Еурофарм Пелистер 2 со 31-27. РК Алкалоид во текот на целиот натпревар ја имаше резултатската иницијатива и, иако во неколку наврати дозволи домаќинот да се доближи, во завршницата остана смирен и го приведе натпреварот до крај.

РК Алкалоид во првиот дел играше со мал број голови. До 18. минута беше 6-6, а потоа следеше првата серија. Со четири последователни гола РК Алкалоид стигна до 10-6 и презема контрола врз натпреварот.



До крајот на полувремето следеше период со повеќе грешки и прекини во играта, па предноста се намали. По 10-6, РК Алкалоид дозволи домаќинот да намали на 8-10, а потоа и на 9-11. На одмор замина со минимална предност – 11-10.

На почетокот на вториот дел РК Алкалоид повторно ја презеде контролата врз резултатот. По израмнувањето на 13-13 во 34. минута, ракометарите на Кирил Лазаров повторно најдоа решение во нападот и го одржуваа водството. Играта се одвиваше во серија напади во кои Алкалоид поведуваше, а домаќинот успеваше да израмни.

Клучниот период дојде по 16-16. Алкалоид повторно направи серија од 4-0 и во 43. минута стигна до 20-16. Со подобра игра во одбрана, контрола на нападот и искористување на грешките на противникот, гостинскиот состав ја врати предноста од четири гола.



Во продолжението домаќинот се обидуваше да ја промени сликата, но РК Алкалоид не дозволи натпреварот да му излезе од контрола. Во неколку наврати предноста се намалуваше, но секогаш имаше брз одговор.
Во 54. минута РК Алкалоид имаше 28-24, а во последните минути рутински го одржа водството и стигна до конечните 31-27.

Кај РК Алкалоид најефикасен беше М. Митев со шест гола, Ненад Костески постигна пет, Ѓоргиев четири, а Тордарсон, Цехте и Борзаш по три. Значаен придонес имаше и Галевски со 11 одбрани.

Вести

РК Алкалоид подобар од РК Мулти Есенс на отворањето на новата сезона

РК АЛКАЛОИД – РК МУЛТИ ЕСЕНС 38-28 (16-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Глигор Ќаев. Делегат: Владимир Саздовски
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски 2 (9 одб), Тордарсон 1, Сухолежник, Стојковиќ 7, М. Митев 5, Ѓоргиев, Велковски 3, Цехте, Ненад Костески 1, Петковски 5, Д. Митев 9, Борзаш 4, Ѓорговски 1, Борозан 1
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Великиќески (1 одб), Јорданов (11 одб), Ј. Петрески, Џигероски 4, Илиевски 1, Ѓокески 3, Трајковски 1, М. Петрески 1, Гурмешевиќ 1, Матевски 2, Ковачевиќ 1, Ѓоргиески, Дамчевски 6, Трајкоски, Гарбески 1, Тевдовски 1
Седмерци: 6/9 Исклучувања: 4 мин.


РК Алкалоид ги запиша првите првенствени бодови во новата сезона, откако во првото коло на домашен терен го совлада тимот на РК Мулти Есенс кој годинава има нов тренерски тим предводен од Никола Матлиески.
Двете екипи играа брз ракомет во кој резултатски подобро се снајде РК Алкалоид, но Давид Трајкоски од РК Мулти Есенс кој постигна шест погодоци во првиот дел, беше најдобриот стрелец на теренот. РК Алкалоид по десетина минути игра имаше водство од 5-2, потоа таа разлика постепено се зголемуваше и достигна пет гола разлика на полувреме (16-11).


Алкалоид направи серија од 5-0 со која поведе со 21-11 и од тој момент, ритамот на играње беше посмирен во второто полувреме. Дамчевски и Џигеровски во тимот на РК Мулти Есенс беа најдобро реализаторски расположени, додека Дамјан Митев и Александар Петковски во тимот на РК Алкалоид беа главните стрелци.
Конечниот резултат е 38-28, а добар впечаток оставија и двата тима со прикажаната игра.