Вести

Нови бодови за РК Алкалоид, победа над РК Еурофарм Пелистер 2

РК АЛКАЛОИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 37-25 (20-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Камер Металари
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (7 одб), Галевски 1 (3 одб), Џонов 4, Тордарсон 2, Маркоски 2, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 1, Ивановски 1, Костески 7, Петковски 4, Борзаш, Аларов, Иваноски 1, Ѓорговски 5
Седмерци: 6/6 Исклучувања: 6 мин.
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: М. Фехми, Марковски 6, Лозановски, Гичев, Даневски, Велески, Митревски 7, Јовановски, Шулески, Младенов, А. Фехми, Димитровски, Белистојаноски 2, Дрогришки, Мафдух 4, Баптис 6
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид запиша нова суперлигашка победа и го задржа статусот на екипа без пораз во првенството. Вечерва во Автокоманда гостин беше екипата на РК Еурофарм Пелистер 2, тим што е кандидат за место во Плејоф разигрувањето.

РК Алкалоид имаше резултатска иницијатива од почетокот на натпреварот во кој во воведните десетина минути, откако од резултат 3-3 постигна три гола во серија за водство од 6-3, разликата се движеше меѓу два и три гола се до резултат 10-9 во 17 минута.
Потоа РК Алкалоид го засили ритамот, направи нова серија, овој пат од 5-0 во која Ненад Костески учествуваше со три гола и поведе со 15-9.
Доминацијата продолжи до крајот на полувремето, а на одмор се замина со резултат 20-11. Во оваа делница, Ненад Костески беше стрелец на седум, а Мартин Серафимов на пет погодоци.


По десет минути игра во второто полувреме и натаму беше девет гола разлика за РК Алкалоид (24-15), по што гостинскиот состав успеваше во следниот период да анулира два до три гола од таа разлика и во тие рамки, шест-седум гола предност за РК Алкалоид продолжи да се движи резултатот (28-21, 47 минута).
Во последните 10 минути од мечот се влезе со резултат 29-22, а потоа РК Алкалоид во следните пет минути стигна и до двоцифрена предност (33-23), а на крајот натпреварот заврши со убедлива победа од 12 гола разлика (37-25).

Следува еднонеделна пауза во шампионатот поради обврските на репрезентацијата, а потоа РК Алкалоид во 10 коло ќе игра на домашен терен против екипата на РК Струга.

Вести

Шеста суперлигашка победа за РК Алкалоид

РК ПРОЛЕТ 62 – РК АЛКАЛОИД 20-29 (10-17)
Сала: „Македонско Сонце“ во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Ацо Николовски
РК ПРОЛЕТ 62: Даскаловски, Солев (11 одб.), Трајковски 2, Јовевски, Глигоров, Василевски, Крстески, Андоновски 2, Мајнов 2, Димковски 2, Стојановски 2, Стоилевски 3, Дрпљанин, Палевски 1, Давитковски 1, Мишевски 5.
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Кизиќ, Џонов 3, Тордарсон 7, Маркоски, Серафимов 1, Карасманакис 2, Стојковиќ, Ѓоргиев, Ивановски, Костески 7, Петковски 1, Борзаш 4, Аларов 1, Иваноски, Ѓорговски 3.
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид освои нови суперлигашки бодови и ја оствари целта во дуелот со РК Пролет 62. На гостувањето во салата „Македонско Сонце“, нашиот тим успеа да слави со резултат 29-20 (полувреме 17-10). На овој меч, тренерот Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а победата не беше доведена под прашалник во ниту еден момент.

РК Алкалоид уште од почетокот најави дека триумфот е само опција на овој меч, затоа што отвори со пет гола во серија. Беше 5-0, па 8-2 за нашиот тим, висока предност која остана и до паузата кога водевме со седум гола (17-10). Главниот збор во нападите го имаа крилата Монси Тордарсон и Ненад Костески кои заедно комбинираа десет гола за РК Алкалоид во првиот дел, а исто така и голманот Иван Галевски со девет одбрани.

Во второто полувреме РК Алкалоид имаше мал пад во играта, а тоа РК Пролет го искористи. Ривалот дојде на четири гола негатива (19-15), тоа беше знак за тајм-аут на тренерот Кирил Лазаров, по кој поделените совети донесоа плод. Повторно нашиот тим влезе во препознатливиот брз ритам и преку транзиција се одлепи на највисоките плус осум гола (24-16). До финишот повеќе немаше дилеми кој ќе слави во скопската пресметка на двата суперлигаши.

Вести

Победа на РК Алкалоид во скопското дерби

РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 32-25 (18-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегат: Марјан Огњановски
РК АЛКАЛОИД: Галевски (11 одб), Кизиќ (5 одб), Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски, Серафимов 4, Карасманакис 3, Стоковиќ 7, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Ивановски 1, Костески 5, Петковски 1, Боразш 3, Аларов, Ѓорговски 1
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 14 мин.

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Трајкоски (18 одб), Стојановски, Субашевски 2, Тодески, Ѓоргиевски 1, Николов 4, Новаковски, Спасовски, Т. Узунчев 4, Д. Узунчев 7, Киселовски, Каевски 1, Николоски, Михајловиќ 5, Казакаи 1, Гришкашвили
​Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.


РК Алкалоид ја запиша петтата суперлигашка победа сезонава. На домашен терен во Автокоманда, РК Алкалоид го совлада тимот на РК Бутел Скопје (32-25) и му го нанесе вториот првенствен пораз.

Воведните шест минути од натпреварот беа клучните на натпреварот и ја одредија насоката во која настаните продолжија да се развиваат. РК Алкалоид во првите шест минути од натпреварот поведе со 5-0, во 10 минута беше 8-3 и резултатот постојано беше плус пет или плус шест гола за РК Алкалоид. Само еднаш во 25 минута гостите намалија на четири гола (13-17) пред крајот на полувремето.
Одговорот на сино-белите беше уште еден фуриозен старт, овој пат на второто полувреме. Постигнаа шест гола по ред во вкупната серија од 7-0 со која ја пробија и двоцифрената бариера и поведоа со 24-13.

Потоа беше воспоставен баланс, резултатот се движеше меѓу 10 и 11 гола разлика сѐ до финишот во кој гостинскиот состав успеа да го ублажи поразот.




Вести

Висока победа на РК Алкалоид над МРК Куманово

МРК КУМАНОВО – РК АЛКАЛОИД 21-35 (10-17)
Сала: „Куманово“ во Куманово. Судии: Виктор Андонов и Александар Вукашиновски. Делегат: Ацо Николовски
МРК КУМАНОВО: Антевски, Трајковски (5 одб), Димевски 2, Димитров, Вујичевски 2, Цветковски, Цековски 5, Стојановски 1, Трифуновски, Крстаноски 1, Матачиќ 1, Иванов, Да Силва 1, Стојков 3, Михајловски
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 4мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски (4 одб), Николовски (5 одб), Џонов 2, Тордарсон 5, Маркоски, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 3, Ѓоргиев 3, Ивановски 2, Костески 5, Петковски, Борзаш 1, Аларов, Иваноски 1, Ѓорговски 5
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид запиша уште една убедлива првенствена победа, во шестото коло, на гостински терен кај екипата на МРК Куманово.

РК Алкалоид важеше за фаворит на овој натпревар и ја оправда таа улога од почетокот на натпреварот во кој уште по десет минути имаше конкретно водство (6-2). Резултатскиот баланс беше постигнат откако РК Алкалоид поведе со шест гола разлика и до крајот на првиот дел водството се движеше меѓу пет и шест гола, а на полувреме резултатот беше 10-17.

РК Алкалоид беше доминантниот тим и во вториот дел во кој по десет минути игра поведе со двоцифрена разлика (25-15), а потоа одново дојде период на резултатски баланс при што разликата се движеше меѓу девет и десет голови.

Во последните десет минути од мечот РК Алкалоид почна нова серија и од 29-19, поведе со 33-19, а потоа и со 35-20 што беше и највисоката разлика на натпреварот.

Вести

Убедлива победа и нови бодови за РК Алкалоид

РК АЛКАЛОИД – РК ПРИЛЕП 47-21 (23-10)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Зоран Кимовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Николовски, Џонов 7, Маркоски, Серафимов 1, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, Ѓоргиев 1, Симоноски 3, Ивановски 2, Костески 6, Борзаш 3, Трајкоски 4, Аларов 1, Иваноски 6, Ѓорговски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.
РК ПРИЛЕП: Ивчески, Ангелески, Тренчевски 2, Рајатоски 3, Адамчески 3, Трајкоски, Антонио Крстески, Ангелески, Ангел Крстески 2, Илиески 1, Димитриоски 2, Шабановиќ 4, Христоски, Лековиќ 4, Столески 4, Соколоски, Лазоски
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид ја запиша својата трета првенствена победа, најубедливата досега во првенството, изразена со 26 гола разлика. Екипата на РК Прилеп беше противникот во Авткокоманда, а резултатски израмнет натпреварот беше помалку од 10 минути. По 2-3 во осмата минута, Алкалоид направи серија од 6-0 и поведе со 8-13 во 13 минута, а потоа до крајот на полувремето разликата порасна на 13 гола разлика (23-10).

Резултатски слично беше и второто полувреме во кое екипата на РК Алкалоид доминираше и стигна до убедливата победа.
За одбележување од оваа средба е настапот на тројца ракометари кои досега не беа во ростерот. Михаил Иваноски, Давид Трајкоски и голманот Ѓорѓи Николовски го запишаа својот прв официјален настап за РК Алкалоид во новата сезона. Иваноски постигна шест гола и беше најефикасниот играч на натпреварот, Давид Трајкоски постигна четири гола, а Николовски запиша пет одбрани.