Вести

Седма победа за Алкалоид, сигурни бодови против Бутел

-->

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД 24-29 (12-15)
Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Владимир Саздовски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Марко Богдановски (11 одб), Димитар Симовски, Андреј Ѓорѓески, Ѓорѓи Лешниковски 1, Давид Јаневски 3, Атанасиј Трсунов, Трајче Костов 2, Лука Јовиќ 5, Тодор Аксентиев 1, Матеј Марковски 2, Никола Стоилевски 2, Марко Каевски 5, Петар Николоски, Дејан Михајловиќ, Архангел Трсунов, Теодор Тодески 2
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 2 мин.

РК АЛКАЛОИД: Иван Галевски 1 (13 одб), Марко Кизиќ, Иван Џонов, Улфар Пал Монси Тордарсон 2, Матиц Сухолежник 1, Никола Костески 2, Валентин Карасманакис, Марко Митев 3, Игор Ѓорѓиев 1, Филип Николов 3, Нејц Цехте 1, Александар Петковски 2, Дамјан Митев 4, Урош Борзаш 5, Михаил Аларов 3, Емилијан Ѓорговски
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 2 мин.

РК Алкалоид ја забележа седмата победа во македонската Суперлига, откако на гостувањето кај РК Бутел Скопје славеше со 29-24, во заостанатиот натпревар од осмото коло. На полувремето избраниците на Кирил Лазаров имаа предност од 15-12, која успешно ја зачуваа и во вториот дел.
Почетокот на натпреварот донесе израмнета игра, а по осум минути Алкалоид имаше минимална предност. Потоа гостите ја презедоа контролата, направија серија со која се одвоија на четири гола разлика и во продолжението од првото полувреме ја одржуваа предноста, па на пауза заминаа со водство од 15-12.



Во второто полувреме РК Алкалоид продолжи да ја контролира играта и резултатот. До 45. минута ја одржуваше предноста, а потоа ја зголеми разликата на пет, односно шест гола, поведувајќи со 22-17 и 26-20. Во завршницата гостите рутински го приведоа натпреварот до крај и стигнаа до конечните 29-24.

Урош Борзаш со пет гола беше најефикасен во редовите на РК Алкалоид, а Дамјан Митев постигна четири. По три гола постигнаа Марко Митев, Филип Николов и Михаил Аларов. Голманот Иван Галевски забележа 13 одбрани и постигна еден гол.
Во домашниот состав, Лука Јовиќ и Марко Каевски постигнаа по пет гола.