Правила и услови за користење

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата на www.rkalkaloid.mk

Секој упад или злоупотреба на интернет-страницата на РК АЛКАЛОИД е казниво согласно Кривичниот законик на Република Македонија.

Содржините на оваа интернет-страница се во сопственост на  Акционерско друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје. (во натамошниот текст „РК АЛКАЛОИД“) Адреса: бул. „Александар Македонски“ бр. 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, ЕМБС 7599951. Тел: + 38923104072, меил адреса  handballclub@alkaloid.com.mk и истите се заштитени со авторски права, заштитни знаци и ознаки на услуги, патенти и други сопственички права, или се лиценцирани од сопствениците на правата за да може да се користат како дел од оваа страница. Секое копирање, репродукција, модифицирање, пренесување, дистрибурирање или користење на податоците и информациите, како и други изведби на содржините, не е дозволено без претходно писмено одобрение на РК АЛКАЛОИД. Барањето за употреба мора да го испратите до РК АЛКАЛОИД на следната електронска адреса:

handballclub@alkaloid.com.mk

Податоците и информациите објавени на оваа интернет-страница се од информативен карактер и се сметаат за точни во времето на нивното објавување. РК АЛКАЛОИД го задржува правото во секое време да изврши целосно прeкинување, ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите, во целост или делумно, со цел обезбедување на континуирано ажурирање на интернет-страницата. Сепак, РК АЛКАЛОИД не може да гарантира за точноста, актуелноста и потполноста на објавените информации и не презема одговорност која произлегува од неточни, нецелосни и од ненавремени информации на оваа веб-страница.

РК АЛКАЛОИД не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од интернет-страницата, како што се губење на информација, штета на услуга, софтвер и слично.

Оваа страница може да биде поврзана со други веб-страници на кои може да пристапите. Поврзаните веб страни не се во надлежност ниту се под контрола на РК АЛКАЛОИД и затоа РК АЛКАЛОИД исклучува одговорност за содржините на која било поврзана страница или која било измена или ажурирање на истите и на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници. РК АЛКАЛОИД препорачува посетителите на овие веб страни да се информираат за правилата на употреба и користење, вклучувајќи ги и политиките за приватност што важат за овие трети веб-страници.