Вести

Без бодови од дербито, враќање на Карасманакис на терен

РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД 30-27 (17-14)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари од Скопје. Делегати: Душко Камишевски и Марјан Огњановски.
РК ВАРДАР 1961: Валах (14 одб), Богдановски, Гогов, Стојановски 3, Воркапиќ 5, Боно, Георгиевски 1, Митровиќ 3, Танкоски, Лазаревски 1, Марчињак, Тузолана 2, Атанасовски, Силва 4, Малус 8, Јанковски 3
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (3 одб), Галевски (6 одб), Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски, Карасманакис 2, Стојковиќ 1, Велковски 1, Ивановски, Костески 6, Петковски 2, Д. Митев 2, Борзаш 3, Аларов 2, Николов 3, Ѓорговски 2
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид не успеа да направи изненадување на гостувањето кај РК Вардар 1961 на натпревар од 28 суперлигашко коло и бодовите останаа за противникот. РК Вардар за кого овој меч беше посебен затоа што беше во централен настан во прослава на голем јубилеј, 65 години од постоење запиша победа од 30-27, на натпревар без преголема тензија и интензитет.

РК Алкалоид беше за нијанса подобар во воведните 10 минути од натпреварот. Домашниот состав израмни и премина во тесно водство, по што натпреварот влезе во фаза во која се одржуваше дистанца од два до три гола.
РК Алкалоид во последната третина од полувремето намали на еден гол разлика (14-15), но невнимание во самиот финиш доведе до конечни 17-14 по 30 минути игра.

За одбележување во екипата на РК Алкалоид е дека на овој натпревар, по пауза од речиси пет месеци поради повреда на раката во игра се врати пикерот Валентин Карасманакис.

Во второто полувреме не се променија битно работите. Противникот успеа да зголеми на пет гола разлика и да ја одржува до последните 10 минути. РК Алкалоид намали на минус три гола и имаше неколку неискористени шанси за да го направи натпреварот драматичен. Реализацијата не беше најсилната страна во последните минути и натпреварот заврши со резултат 30-27. Во следното коло, РК Алкалоид на домашен терен ќе го пречека тимот на ГРК Охрид.

Вести

РК Алкалоид го заврши настапот во Куп на Македонија

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 28-33 (16-18)
Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегати: Лери Мирчески и Бобан Мајнов
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Кизиќ, Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски 1, Стојковиќ 2, Велковски, Симоноски, Ивановски, Ненад Костески 4, Петковски 1, Д. Митев 6, Борзаш 4, Аларов, Николов 4, Ѓорговски 3
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин.
РК ВАРДАР 1961: Валах, Гогов, Стојановски, Воркапиќ 5, Боно 1, Георгиевски 4, Митровиќ, Танкоски 1, Лазаревски, Марчињак 1, Тузолана 6, Хориха 3, Атанасовски, Да Силва 2, Малус 9, Јанковски 1
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид го заврши настапот во Куп на Македонија на Ф4 турнирот што се одржува во Струмица. Во полуфиналето на турнирот, РК Алкалоид играше против екипата на РК Вардар 1961, а конечниот резултат е 28-33 (16-18).

Во РК Алкалоид, покрај неколкуте отсуства поради повреди, меѓу нив и на Игор Ѓоргиев и Никола Костески, на денешниот меч не можеше да настапи уште ден член на стартната постава, а тоа Марко Митев кој се повреди на последното дерби со Е. Пелистер во Автокоманда пред три дена.

И покрај тоа РК Алкалоид почна подобро, поведе со 4-1 и 5-2, пред противникот да влезе во подобар ритам и да израмни на 5-5.
Потоа беше релативно израмнето до крајот на првиот дел кој заврши со предност од два гола за екипата на РК Вардар (18-16).
Во вториот дел до поголем израз дојде пократкиот тимски ростер на РК Алкалоид и противникот тоа го искористи за да направи поголема, односно решавачка предност.
Во финишот на натпреварот и двата тренера им дадоа минутажа и на играчите со помала минутажа кои го формираа и конечниот резултат.

Вести

Многу грешки и загубени бодови на дербито

РК АЛКАЛОИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 33-35 (22-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегати: Ацо Николовски и Марјан Огњановски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски 1, Џонов 3, Тордарсон, Маркоски, Стојковиќ 3, М. Митев 5, Велковски 1, Симоноски, Ивановски, Ненад Костески 6, Петковски, Д. Митев 7, Борзаш 2, Аларов, Николов 4
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 8 мин
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски, Хеидарирад, Манасков 7, Видомски, Ристевски 2, Хакбарт 2, Граховац 1, Хенигман 3, Радивојевиќ 1, Кузмановски 6, Абутовиќ, Калајџиоски, Петар Атанасијевиќ 1, Пешевски 2, Хосни 5, Павле Атанасијевиќ 3
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 14 мин.

РК Алкалоид пропушти голема шанса да освои бодови во дерби мечот со екипата на РК Еурофарм Пелистер на последниот меч од 27 коло во суперлигашкиот Плејоф.
По израмнетиот почеток на натпреварот, РК Алкалоид влезе во одличен ритам и доминираше на теренот што му донесе и предност од шест гола на полувреме (22-16).
Одлично почна и во второто полувреме РК Алкалоид и во 34 минута имаше и максимална предност од осум гола разлика (25-17).
Но, по овој резултат РК Алкалоид влезе во несфатлива серија на грешки што полека ја топеше предноста.
По 20 минути игра во вториот дел беше нерешено, а потоа гостите успеаја да задржат ритам и конечно да стигнат до бодовите.

Вести

Две големи признанија за РК Алкалоид

Квалитетната работа и остварените резултати на РК Алкалоид беа наградени од Град Скопје и Сојузот на Спортови на Скопје. РК Алкалоид доби две големи признанија за постигнатото во својата работа.

Нашиот колектив е прогласен за најдобра спортска екипа откако изминатата календарска година го оствари најголемиот европски успех и го освои Европскиот Куп на ЕХФ. Признанието во име на РК Алкалоид го прими оперативниот директор Милош Милошевски.
Признанието од Град Скопје и Сојузот на Спортови на Скопје за најдобар тренер исто така завршува кај РК Алкалоид. Нашиот клуб го има и најдобриот тренер за изминатата календарска година, а тоа е нашата ракометна легенда Кирил Лазаров.

Вести

РК Алкалоид со гостински бодови од Бутел Скопје

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД 21-37 (15-16)
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Марјан Начевски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Трсунов, Трајковски, Субашевски 2, Марковски, Тодески 1, Ѓеоргиевски 4, Шилегов 1, Новаковски, Д. Узунчев 7, Т. Узунчев, Киселовски, Каевски 4, Николоски, Михајловиќ 1, Зенговски, Гурмешевиќ 1
Седмерци: 3/7 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски, Џонов 8, Тордарсон 2, Маркоски, Стојковиќ, М. Митев 4, Велковски 1, Ивановски 2, Ненад Костески 7, Петковски 1, Д. Митев 6, Борзаш 3, Аларов, Николов 2, Ѓорговски 1
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 4 мин.


Нова гостинска победа и нови бодови освои РК Алкалоид во македонскиот суперлигашки Плејоф од дуелот со екипата на РК Бутел Скопје .
Играта во првиот дел беше израмнета, целото прво полувреме беше резултатски неизвесно, а заврши со гол предност за РК Алкалоид (16-15).
Во второто полувреме видовме сосема поинакво лице и пристап на РК Алкалоид. Одбраната беше непробојна цели 19 минути, а во меѓувреме напаѓачите постигнаа 13 гола и во 49 минута беше (15-29).


До крајот на натпреварот ритамот беше помирен, а конечниот резултат е 37-21.
Иван Џонов со осум постигнати гола, Ненад Костески со седум и Дамјан Митев со шест гола беа најефикасните играчи во редовите на РК Алкалоид.
Во следното коло, РК Алкалоид на домашен терен ќе игра дерби меч со екипата на РК Еурофарм Пелистер.