Вести
РК Алкалоид го заврши настапот во Куп на Македонија
РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 28-33 (16-18)
Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегати: Лери Мирчески и Бобан Мајнов
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Кизиќ, Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски 1, Стојковиќ 2, Велковски, Симоноски, Ивановски, Ненад Костески 4, Петковски 1, Д. Митев 6, Борзаш 4, Аларов, Николов 4, Ѓорговски 3
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин.
РК ВАРДАР 1961: Валах, Гогов, Стојановски, Воркапиќ 5, Боно 1, Георгиевски 4, Митровиќ, Танкоски 1, Лазаревски, Марчињак 1, Тузолана 6, Хориха 3, Атанасовски, Да Силва 2, Малус 9, Јанковски 1
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид го заврши настапот во Куп на Македонија на Ф4 турнирот што се одржува во Струмица. Во полуфиналето на турнирот, РК Алкалоид играше против екипата на РК Вардар 1961, а конечниот резултат е 28-33 (16-18).
Во РК Алкалоид, покрај неколкуте отсуства поради повреди, меѓу нив и на Игор Ѓоргиев и Никола Костески, на денешниот меч не можеше да настапи уште ден член на стартната постава, а тоа Марко Митев кој се повреди на последното дерби со Е. Пелистер во Автокоманда пред три дена.

И покрај тоа РК Алкалоид почна подобро, поведе со 4-1 и 5-2, пред противникот да влезе во подобар ритам и да израмни на 5-5.
Потоа беше релативно израмнето до крајот на првиот дел кој заврши со предност од два гола за екипата на РК Вардар (18-16).
Во вториот дел до поголем израз дојде пократкиот тимски ростер на РК Алкалоид и противникот тоа го искористи за да направи поголема, односно решавачка предност.
Во финишот на натпреварот и двата тренера им дадоа минутажа и на играчите со помала минутажа кои го формираа и конечниот резултат.
