Вести

ВТОРА ПОБЕДА ЗА РК АЛКАЛОИД

-->

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЛКАЛОИД 27-31 (10-11)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола Судии: Иван Илиевски и Александар Суко̀вски
Делегат: Игор Огненов

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: Фехми, Младенов (4 одб), Димевски 7, Лозановски 1, Стојков 2, Митревски 2, Шулевски 2, Лазаревски, Илиески 2, Дамчевски, Симоновски 1, Славков, Крстевски, Дрогришки 1, Ѓорѓиевски, Симоновски 9
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (2 одб), Галевски (11 одб), Џонов 1, Тордарсон 3, Сухолежник, Стојковиќ 2, М. Митев 6, Ѓоргиев 4, Велковски, Цехте 3, Ненад Костески 5, Петковски 1, Д. Митев, Борзаш 2, Аларов 2, Борозан 2
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 6 мин.



Екипата на РК Алкалоид стигна до втората првенствена победа, откако на гостувањето во Битола го совлада РК Еурофарм Пелистер 2 со 31-27. РК Алкалоид во текот на целиот натпревар ја имаше резултатската иницијатива и, иако во неколку наврати дозволи домаќинот да се доближи, во завршницата остана смирен и го приведе натпреварот до крај.

РК Алкалоид во првиот дел играше со мал број голови. До 18. минута беше 6-6, а потоа следеше првата серија. Со четири последователни гола РК Алкалоид стигна до 10-6 и презема контрола врз натпреварот.



До крајот на полувремето следеше период со повеќе грешки и прекини во играта, па предноста се намали. По 10-6, РК Алкалоид дозволи домаќинот да намали на 8-10, а потоа и на 9-11. На одмор замина со минимална предност – 11-10.

На почетокот на вториот дел РК Алкалоид повторно ја презеде контролата врз резултатот. По израмнувањето на 13-13 во 34. минута, ракометарите на Кирил Лазаров повторно најдоа решение во нападот и го одржуваа водството. Играта се одвиваше во серија напади во кои Алкалоид поведуваше, а домаќинот успеваше да израмни.

Клучниот период дојде по 16-16. Алкалоид повторно направи серија од 4-0 и во 43. минута стигна до 20-16. Со подобра игра во одбрана, контрола на нападот и искористување на грешките на противникот, гостинскиот состав ја врати предноста од четири гола.



Во продолжението домаќинот се обидуваше да ја промени сликата, но РК Алкалоид не дозволи натпреварот да му излезе од контрола. Во неколку наврати предноста се намалуваше, но секогаш имаше брз одговор.
Во 54. минута РК Алкалоид имаше 28-24, а во последните минути рутински го одржа водството и стигна до конечните 31-27.

Кај РК Алкалоид најефикасен беше М. Митев со шест гола, Ненад Костески постигна пет, Ѓоргиев четири, а Тордарсон, Цехте и Борзаш по три. Значаен придонес имаше и Галевски со 11 одбрани.