Вести

РК Алкалоид ги одмери силите и со ППД Загреб

-->

​РК ЗАГРЕБ – РК АЛКАЛОИД 31-25 (15-14)
СШ „Јелковец“ во Загреб. Судии: Кухар и Пречец од Хрватска
РК ППД ЗАГРЕБ: Грбавац, Пантјар, Кос 6, Чавар 1, Валчак 3, Фаљиќ, Кларица 2, Гојун, Клис, Краљевиќ, Сиротиќ, Чупиќ 5, Дибиров 7, Моралес 2, Кавчич 5, Сухолежник 1
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 8 мин.


РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Галевски, Трајковски, Маркоски 1, Стојков 3, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Стојковиќ, Стојчевиќ, М. Митев 6, Омерагиќ, Ѓоргиев 4, Бинго 2, Кофилоски, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид го одигра и вториот контролен натпревар во рамките на мини турнејата во Хрватска. Вечерва противник на нашиот тим беше екипата на ППД Загреб, првакот на Хрватска.
Мечот беше израмнет во текот на целото прво полувреме со тоа што по водството на РК Алкалоид од 6:5, Загреб влезе во серија од 5:0 и поведе со 10:6.
РК Алкалоид на ова врати со своја серија од 4:0 и израмни на 10:10 во 23 минута.
Четири минути подоцна имавме водство од 14-13, но последните два гола ги постигнаа домашните и на одмор се замина со резултат 15-14.

Во вториот дел, домашниот тим успеа да поведе со два гола (18-16), а потоа и ја удвои разлика на плус четири. Толкава беше дистанцата и во 59 минута, но во последната минута од мечот домашните постигнаа уште два погодока и средбата заврши со резултат 31-25.

Утре, недела, РК Алкалоид ќе го одигра и третиот контролен натпревар, а противник ќе биде екипата на РК Сесвете. Почетокот на мечот е закажан за 19:00 часот.