Во својата втора европска сезона РК Алкалоид ќе ја претставува Македонија во европскиот ЕХФ Куп, натпреварување што се игра по систем на елиминации, а стартува со 84 екипи кои денеска беа поделени во две кола и ги добија противниците за своите први елиминациски битки.
РК Алкалоид како најдобро рангирана македонска екипа од Македонија во ова натпреварување, почнува од второто коло, а во денешната ждрепка беше во улога на носител. Првиот противник на РК Алкалоид во новата европска сезона ќе биде екипата на Драгунас Клаипеда од Литванија. Драгунас (Змејови) е вториот најуспешен литвански клуб од осамостојувањето. Овој клуб во 2010 година ја прекина доминацијата на Гранитас Каунас кој освои 17 шампионски титули за 19 години. Шампионската ера на Драгунас траеше сѐ до првенството 2020 година кое беше прекинато поради Ковид. За тој период од 10 сезони, освоија девет шампионски титули. Во 2021 на сцената се појави екипата на Швиеса и таа е литвански првак во последните три сезони. Во последната одиграна, пак, во финалето со 3-1 беа подобри токму од Драгунас. Во клупската историја, Драгунас има освоено шампионски пехар и од Балтичката лига (2021). Во моментов тројца ракометари на Драгунас се на скратениот список на репрезентативци на Литванија. Четири позиции им се пополнети со странски ракометари. Голман, пивот и два леви бека, сите од Украина.
Натпреварите од второто коло во ЕХФ Куп ќе се играат во периодот од 19/20 октомври и 26/27 октомври возвратните натпревари. РК Алкалоид на првиот меч ќе биде домаќин во Скопје.
Вести
Минов, Лазаров и Ѓорѓиев: „По успешната сезона, продолжуваме по зацртаниот пат“
Ракометарите, стручните тимови и раководството на РК Алкалоид го одбележаа крајот на овогодинешната сезона, трета во историјата на клубот во која се сретнаа и успешно се носеа со многу нови предизвици меѓу кои е и дебитантскиот настап во Европската лига на ЕХФ, големите дерби мечеви во суперлигашкиот плејоф, историскиот настап и прв пехар во Куп на Македонија, шампионските пехари во пионерска, кадетска и младинска конкуренција и сето тоа проткаено со успешниот настап и големата одговорност што ја носат нашите ракометари со сениорската репрезентација, но и во помладите репрезентации.
Прес конференција и коктел дружење беше организирано по повод крајот на сезоната во присуство на нашите ракометари. Пред медиумите зборуваа претседателот на клубот Горан Минов, тренерот Кирил Лазаров и капитенот Игор Ѓорѓиев.
Кратка ретроспектива на сезоната со акцент на остварените резултати даде претседателот на клубот Горан Минов.
„Завршивме сезона која беше посебна за нас за многу работи, затоа што имавме многу нови предизвици. Се соочивме со нови моменти, како настап во Европа, кој настрана спортскиот и резултатскиот дел, бараше од нас и друг пристап којшто е организациски. Нашата сениорска екипа успешно се претстави во Европската лига на ЕХФ каде игравме со реномирани противници и ги освоивме првите бодови. Успешно и на високо ниво одигравме три европски средби и го положивме тој организациски дел со голема оценка, што за нас беше голем испит. На домашната сцена изборивме место во Европа, а посебна сатисфакција е освоениот Куп на Македонија. Посебно не радуваат успесите на младинските категории, во кои станавме прваци во пионерска, кадетска и младинска категорија. Со макотрпна, но стратегиски успешна работа, изградивме систем во кој сите се вклопија. Успеавме на ракометарите да им вградиме победнички менталитет, тоа ни донесе и успех. Нашата мисија е да дадеме идни македонски репрезентативци кои ќе ја радуваат Македонија во спортот број еден за нас. Сакам да изразам особена благодарност до Алкалоид АД Скопје и Живко Мукаетов, кој како главен покровител ни ги овозможи овие врвни услови за работа. Исто така, голема благодарност до стручниот штаб на чело со Кирил Лазаров како и ракометарите кои максимално се вложија оваа сезона да биде за нас најдобрата и најуспешна до сега. Благодарност до колегите, медиумите и навивачите кои ни беа голема поддршка“, изјави Горан Минов.
Тренерот на екипата Кирил Лазаров зборуваше за предизвиците низ кои минуваше екипата сезонава и ја најави следната сезона во која клубот ќе се стреми за чекор напред и во домашниот шампионат и на eвропската сцена.
„Клубот е формиран пред три години, но ние го одбравме потешкиот, но знам дека е вистинскиот пат, иако се соочуваме со многу препреки. Го одбравме македонскиот пат, работиме добро и за клубот, за државата, за македонскиот спорт и македонскиот ракомет. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме по тој пат иако воопшто нема да биде лесно, затоа што македонската лига од година во година расте. Оваа сезона имавме доминантно претставување во првиот дел, завршивме со 14 победи на 14 меча, а потоа успеавме да освоивме и титула во Купот во кој во неполни 72 часа, чесно и посветено, ги победивме двата најконкурентни тимови. Тоа е голем успех за нас и голема сатисфакција за во иднина дека треба да продолжиме по тој пат и да веруваме, но истовремено да знаеме дека патот ќе биде уште потежок. Завршивме на третото место во плејофот, излеговме во Европа, за нас Европскиот куп на ЕХФ, е вистинскиот и се надевам дека таму ќе бидеме повеќе конкурентни и ќе минеме повеќе кола. Но, морам да истакнам дека посебно ми е драго што успеавме да направиме успеси во младинските категории. во иднина апелирам до раководството на клубот уште повеќе да се вложува во овие категории затоа што тоа е иднината на македонскиот ракомет. Апел до другите клубови да не гледаат конкуренти во нас, туку да инвестираат во млади играчи, затоа што само така може ракометот да го задржи приматот спорт број еден во Македонија.“ , изјави Кирил Лазаров.
Капитенот Игор Ѓорѓиев изјави дека е горд што крај себе има соиграчи-професионалци и на сите им честита за успехот во сезоната на која се спушта завесата.
„Завршуваме една успешна сезона на РК Алкалоид. Нашиот тим сезонава го донесе првиот трофеј во витрините на клубот, тоа е Купот на Македонија, успех на кој посебно сме горди. Игравме и во Европската лига на ЕХФ каде имавме шест квалитетни натпревари со кои стекнавме големо искуство и за нас како млада екипа ќе ни служи многу за наредниот период. Следната сезона повторно ќе играме во Европа, јас како капитен можам да кажам дека сме задоволни од покажаното и нашето издание. Наша главна цел е да играме добар, пред се европски ракомет и со тоа да ја радуваме нашата Македонија. Благодарност до условите кои ни ги овозможи Алкалоид, благодарност до соиграчите кои беа големи професионалци и големи работници. На крајот најмногу сакам да се заблагодарам на нашата публика која неуморно не бодреше цела сезона, со таква поддршка ветуваме борба, залагање и многу поголеми успеси“, изјави Игор Ѓорѓиев.
По обраќањето на присутните, РК Алкалоид им додели подароци и се поздрави со двајца ракометари. Левото крило Дарио Кофилоски и голманот Виктор Василевски си заминуваат од нашиот колектив. Клубот им се заблагодарува за досегашниот придонес, лојалност и посветеност и им посакува успех во натамошната кариера.
РК Алкалоид предвидено е да ги почне подготовките за новата сезона на 25 јули.
Вести
Заокруживме уште една успешна сезона!
Зад нас е уште една успешна сезона, трета по ред и резултатски најуспешна. Сезона во која се докажавме на сите полиња, прв пат и надвор од границите и го направивме посакуваниот чекор во стратегиската определба да растеме и напредуваме без да прескокнуваме скалила и да бараме полесен и пократок пат кон успехот.
Во сезоната што измина освоивме победнички пехари во сите возрасни категории, го имавме својот прв настап во Европа, во силната ЕХФ Европска лига и се радувавме на првиот освоен бод и на првата европска победа.
Првиот дел од сезоната го завршивме со максимални 14 победи и доминантно го освоивме првото место пред Плејоф разигрувањето. Во овој дел од сезоната настапивме и во ЕХФ Европската лига каде ги освоивме и првите бодови од дуелите со реномираната екипа со долга традиција од Шпанија, екипата на БМ Логроњо Ла Риоха.
Во Плејоф шампионатот на Македонија го освоивме третото место на конечната табела. Позиција од која одново следната сезона ќе играме во Европа, овој пат во ЕХФ Куп.
Најголемата сатисфакција и награда за количеството на вложен труд од сите структури во клубот, истрајноста и исправноста на определбата да се натпреваруваме со домашни ракометари ја добивме на крајот на сезоната. Прво преку репрезентативниот настап на нашите ракометари кои покажаа дека има голем напредок и изнесоа голем товар во националниот тим кој обезбеди пласман на уште едно Светско првенство. Потоа потврда за квалитетот добивме и на клупско ниво, во Куп на Македонија. Таму со победите над РК Вардар 1961 во полуфиналето и победата над РК Еурофарм Пелистер во финалето стигнавме до првиот пехар во сениорска конкуренција.
Голема сатисфакција добивме и од вложувањето и работењето со младите категории на играчи. По само три сезони, остваривме комплетна доминација во младинските категории. Пионерите на РК Алкалоид се шампиони на Македонија, кадетите на РК Алкалоид се прваци на Македонија и младинскиот тим на РК Мулти Есенс е нов државен првак на Македонија.
Успеавме на цела плејада на млади ракометари да им всадиме професионални работни навики и победнички, шампионски ген и да ги внесеме во системот што се гради и надградува. Очекуваме нивниот пат да биде поплочен со успеси и на клупско и на репрезентативно ниво претставувајќи ја Македонија на големата сцена, почнувајќи од летово и настапите на ЕХФ Еуро во кадетска и јуниорска конкуренција.
Заокружуваме успешна сезона и веќе почнуваме со организација и надградба за следната година во која нѐ очекуваат низ нови предизвици. Ќе бидеме спремни за сите, ќе продолжиме по зацртаниот пат и ќе растеме од година во година.
Посебно им се заблагодаруваме на нашите фанови кои се сѐ побројни, ја полнат салата на сите натпревари и постојано ни даваат поддршка. Ви Благодариме и ви закажуваме повторно дружење во нашата сала во Автокоманда.
Вести
Победа над РК Бутел Скопје на последниот домашен меч
РК Алкалоид го совлада РК Бутел Скопје на последниот меч пред домашната публика сезонава и остана во добар ритам по триумфот во Купот, а пред последното гостување во Битола. Првиот дел во речиси сите елементи потсетуваше на досегашните пресметки меѓу двата клуба. Резултатски израмнето, со многу дуели, пресврти и конечни 11-11 по 30 минути игра. Вториот дел почна во ист стил, но по шест-седум минути игра, го видовме подоброто лице на РК Алкалоид. Одбраната стана покомпактна, Марко Митев го разигра нападот, транзицијата уште еднаш ја видовме на дело и со серија од 5-0 за кратко време РК Алкалоид го реши победникот од дуелот. Гостите не можеа да се вратат во ритам по овој блиц криг, па следуваше уште една серија од 4-0 и разликата стана убедлива, за конечно нашиот тим да слави победа од 27-21.
Вести
Напишавме историја: РК Алкалоид е победник на Куп на Македонија!
Првиот пехар во сениорска конкуренција вечерва доаѓа во витрините на нашиот РК Алкалоид! Нашиот тим е победник на Куп на Македонија! Вечерва во финалето на Фајналфор турнирот, РК Алкалоид го совлада тимот на РК Еурофарм Пелистер по подобро изведување на седмерците и стана нов освојувач на овој престижен пехар. Подобро го отворивме натпреварот и со серија од 5-0 стигнавме до разлика од плус четири гола (7-3) и напад, но се врати во игра поискусниот противник и натпреварот влезе во резултатска израмнетост која по 30 минути на крајот беше 10-11.
Противникот подобро го отвори второто полувреме и дојде до плус три гола разлика (15-12), но дојде до израз нашиот карактер. Со нова серија од 5-0 преминавме во водство (17-15) и тоа водство го чувавме до крајот на натпреварот.
Во последните 10 минути се водеше драматична битка. Постигнавме гол за водство на 30 секунди до крајот (22-21), но противникот успеа да израмни и се премина на изведување на пеналите.
Нашиот голман Иван Галевски ги одбрани шутевите на Филип Кузмановски и Емилијан Ѓорговски, додека Богдан Радивојевиќ промаши. Кристијан Симоноски, Марко Митев и конечно Иван Џонов погодија за историската победа на нашиот тим.
Вести
РК Алкалоид стана и кадетски шампион на Македонија
Вистинскиот пристап и квалитетот во работата со младинските категории годинава ги поставија нашите млади колективи на пиедесталот во државните шампионати. Кадетите на РК Алкалоид го комплетираа успехот на пионерите на РК Алкалоид кои се нови државни прваци и на РК Мулти Есенс кои се новите младински прваци.
Денеска на Фајналфор турнирот во кадетска конкуренција, екипата на РК Алкалоид доминантно во полуфиналето ја совлада екипата на РК Струга (26-15), а потоа беше импресивен и во финалето на дуелот со екипата на РК Еурофарм Пелистер 2 и го совлада со 31-22 и станаа кадетски прваци на Македонија. Претседателот на РФМ Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски и селекторот на младинската репрезентација Радослав Стојановиќ ги поделија победничките пехари и медалите на екипите учесници.
Ние користиме колачиња на нашата веб-страназа да ви дадеме најрелевантно искуство со запомнување на вашите преференци и повторени посети. Со кликнување на „Прифати ги сите“, се согласувате со употребата на СИТЕ колачиња. Сепак, можете да ги посетите „Поставки за колачиња“ за да обезбедите контролирана согласност или пак кликнете на „Одбијте ги сите“ за да ги одбиете. Подетални информации за тоа како ги користиме колачињата можете да прочитате тука.
Оваа веб-страна користи колачиња за да го подобри вашето искуство додека се движите низ веб-страна . Од нив, колачињата кои се категоризирани како неопходни се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се од суштинско значење за работата на основните функционалности на веб-локацијата. Ние исто така користиме колачиња од трета страна кои ни помагаат да анализираме и разбереме како ја користите оваа веб-локација. Овие колачиња ќе се чуваат во вашиот прелистувач само со ваша согласност. Исто така, имате можност да се откажете од овие колачиња. Но, откажувањето од некои од овие колачиња може да влијае на вашето искуство со прелистување.
Потребните колачиња се апсолутно неопходни за правилно функционирање на веб-страницата. Овие колачиња ги обезбедуваат основните функционалности и безбедносни карактеристики на веб-локацијата, анонимно.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Функционалните колачиња помагаат да се извршат одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-локацијата на платформи за социјални медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Колачињата за изведба се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Аналитичките колачиња се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.
Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите релевантни реклами и маркетинг кампањи. Овие колачиња ги следат посетителите низ веб-локациите и собираат информации за да обезбедат приспособени реклами.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Други некатегоризирани колачиња се оние што се анализираат и сè уште не се класифицирани во категорија.