Вести

РК Алкалоид го совлада Горење и со плус девет оди во Словенија!

-->

РК АЛКАЛОИД – РК ГОРЕЊЕ ВЕЛЕЊЕ 32-23 (15-10)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Сердук и Дориан Сирбу. Делегат: Владимир Сокол

РК АЛКАЛОИД: Галевски, Кизиќ, Џонов 2, Сухолежник 5, Костески 4, Карасманакис, Стојковиќ 1, М. Митев 5, Ѓорѓиев 4, Николов 2, Цехте 3, Петковски, Д. Митев 1, Борзаш 3, Аларов, Борозан 1.
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 14 мин.

РК ГОРЕЊЕ: Скок, Сандич, Иваноски 4, Калан, Дробеж 2, Подпечан, Соколиќ 1, Благотиншек 4, Качинчич 3, Боровник, Пратнекар 6, Јанковски О., Иванов 1, Јанковски А 2.
Седмерци: 4/7 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид си ја заврши домашната задаша и го победи РК Горење Велење (32-23) во првиот натпревар од третото коло во Европскиот Куп на ЕХФ, натпреварување кое нашиот тим го освои пред две години.

Иако во натпреварот нашиот тим отвори не според планот и му дозволи на Горење да води игра, во продолжението од мечот се фати посакуваното темпо. РК Алкалоид од 1-4 израмни на 4-4, а двата тима беа резултатски близу до 11-10, кога следеше наша серија. На пауза, РК Алкалоид замина со 15-10.

Во првото полувреме, голем удел во резултатот имаа двајцата наши голмани Иван Галевски и Марко Кизиќ, кои блескаа меѓу голот и забележаа двоцифрен број одбрани. Посебно добри беа при седмерците, не му дозволија на противникот да реализира.

Со серија од пет гола на отворањето, РК Алкалоид во второто полувреме обезбеди добра залиха од 20-11, па продолжението од средбата беше во знакот на нашата екипа која го одбрани домашниот терен и ќе има добар плус за реваншот во Словенија на кој мора да се биде претпазлив и покрај сигурната победа.