РК Алкалоид ја запиша десеттата првенствена победа по ред во Суперлигата. Вечерва на домашен терен, РК Алкалоид го совлада тимот на Куманово и ја продолжи низата на победи и на натпревари на кои постигнува повеќе од 30 гола, а тоа трае од почетокот на сезоната и брои вкупно 13 натпревари.
Вечерва со малку изменет тим во кој неколку играчи одмораа, личната статистика ја подобрија Француско Силва, Александар Петковски, Давид Савревски, Кристијан Симоноски и Михајло Младеновиќ. Овие ракометари ја имаа главната улога и го водеа тимот од 4-1 со 11-3, потоа беше 14-6, 17-7 а на полувреме 23-11. Во второто полувреме беше резултатски израмнето, но разликата не падна под 10 гола, а РК Алкалоид запиша победа од 15 гола разлика. Следи пауза поради настапот на репрезентацијата, а потоа во последниот меч од првиот круг, РК Алкалоид ќе гостува во Охрид.
РК Алкалоид ја запиша деветтата суперлигашка победа сезонава, вечерва, на натпреварот со екипата на РК Пролет 62, на гостински терен (39-26). Ова е вкупно 12 победа од 12 одиграни фоцијални натпревари од почетокот на сезоната и на сите тие средби досега РК Алкалоид постигна повеќе од 30 голови.
РК Алкалоид вечерва беше фаворит во однос на екипата на РК Пролет 62 и ја оправда улогата. Домашните се прикажаа во борбено издание, но не можеа да го следат ритамот што го наметна РК Алкалоид, па рамнправни беа само во првите десетина минути.
РК Алкалоид прв пат покомотно водство имаше по десеттата минута 9-5. Потоа следуваше кратко враќање на домашните (8-11), но веднаш имаше и одговор од РК Алаколоид во вид на нова серија и водство од 15-8. До крајот на полувремето се играше израменто, а на одмор се замина со резултат 20-15 за РК Алкалоид.
РК Алкалоид комплетно доминираше во второто полувреме, особено во вториот дел од второто полувреме. Разликата од пет-шест гола беше актуелна во воведните минути, а потоа нагло почна да доаѓа до резултатски израз начинот на кој игра Алкалоид, па во финишот прв пат стана десет гола разлика при резултат 35-25, а потоа разликата се искачи и на конечните плус 13.
Мартин Серафимов со шест, Марко Митев и Арно Бинго со по пет погодоци беа најефикасните играчи на РК Алкалоид.
Следниот натпревар, РК Алкалоид ќе го игра во петок (1.11.2024), на домашен терен во „Автокоманда“ против екипата на МРК Куманово.
Вести
Лазаров и Карасманакис: Добро ја решивме првата европска задача
РК Алкалоид ја оствари целта и се пласира во третото коло на Европскиот куп на ЕХФ. По реваншот со РК Драгунас Клаипеда и гостинската победа во Литванија (37-31), имперсиите од натпреварот ги изнесоа нашиот тренер Кирил Лазаров и кружниот напаѓач Валентин Карасманакис.
КИРИЛ ЛАЗАРОВ: „Не е лесно да се победи било кој противник на гости, посебно во еден европски куп. Победата ја остваривме со стил, во 22. минута имавме девет разлика, потоа дојде до некое опуштање и се мачевме цел натпревар. Меѓутоа, сите овие работи се нови за нашите играчи, имам разбирање, треба да учиме од грешките. Победивме една квалитетна екипа која физички трча 60 минути и не е лесно да се подговиш за неа. Иако ова е прво европско коло, горд сум на она кое го направивме. Посебно во последните седум дена во кои имавме три средби кои доста бараа од нас.
Анализирајќи го противникот, првата средба беше потешка. Увидов дека се работи за квалитетен ривал кој знае што сака. Шпанскиот систем донел ред во овие четири до пет месеци, многумина ме гледаа како смешен кога кажав дека треба да се биде претпазлив. Влеговме дисциплинирано, успеавме да поставиме една добра залиха во Скопје која ни даде да спиеме мирно. Сакавме да победиме и на реваншот, тука ни беше полесно да играме, затоа што знаевме што не очекува.
Ни следи ждрепката од третото коло, имаме свои желби, за да имаме и поголеми шанси. Меѓутоа кој и да ни падне на ждрепката, нема ние да се си ставаме некаков товар. Важно ни е ние да одиме напред и нашиот систем да функционира. Нема да излеземе на терен со бело знаме, без разлика на името и на квалитетот на противникот“
ВАЛЕНТИН КАРАСМАНАКИС: „Одигравме еден тежок натпревар. Ја имавме нашата предност од првиот меч, но и покрај тоа знаевме дека противникот ќе даде 1000% затоа што игра пред својата публика. Нашата задача успеавме да си ја завршиме и да се пласираме во следната фаза. Имавме грешки на овој натпревар, но знам дека ќе ги поправиме на следните дуели кои ни следат. Овој меч во Литванија ни беше потежок од оној во Скопје“
Вести
РК Алкалоид е во следната фаза на Европскиот Куп на ЕХФ!
РК Алкалоид ја оствари целта и со втора победа над РК Драгунас Клаипеда (37-31) се пласира во третото коло од Европскиот Куп на ЕХФ! Во еден меч во кој се водеше од почетокот до самиот крај, нашата екипа дојде до втората победа во второто соочување со ривалот од Литванија и така обезбеди место во следната фаза.
Нашиот тим имаше добро отворање на натпреварот, разигран од Бинго, Митев и Стојковиќ успеа да поведе со 6-2 по седум минути игра, а потоа следеа нови два гола на Петковски во мрежата на ривалот за дотогаш највисоко водство од 8-2, по кое домашниот тим побара тајм-аут. Важен играч во оваа серија беше и голманот Иван Галевски, кој запиша четири одбрани. Потоа очекувано, се разгоре битката, мечот доби ритам сличен на тој во Автокоманда и се редеа убави моменти и голови. По 15 минути игра Алкалоид водеше 15-8, а во неколку наврати стигна и до плус девет гола. По неколку грешки на двете страни, на паузата беше 21-17 за Алкалоид.
Во второто полувреме домашниот голман влезе во ритам против нашиот тим и така Драгунас Клаипеда почна да ја топи негативата. По десет минути игра во второто полувреме, заради нашата криза во нападот, ривалот дојде на два гола негатива (25-27). Сепак, офанзивата проработи кога беше најпотребно, па РК Алкалоид даде три гола во низа за 25-30 и пак обезбеди релаксирачки плус. До финишот на натпреварот, нашите ракометари не дозволија игра на нерви и не му дадоа шанса на ривалот да изненади.
Вести
Лазаров: Одиме на победа и на вториот меч
РК Алкалоид денеска во литванскиот град Клаипеда ќе се обиде да стигне до својата прва европска победа на гостински терен. На првата средба во Скопје, РК Алкалоид славеше убедлива победа од 11 гола разлика (42-31), но целта не е само да се одбрани разликата и да се обезбеди пласман во следното коло, туку да се извојува уште една победа над брзата екипа на Клаипеда Драгунас. Екипата од вчера е во Литванија, одработи еден тренинг во салата во која ќе се игра натпреварот и се запозна со амбиентот во домот на литванските „змејови“. Стручниот тим и ракометарите се оптимисти во поглед на исходот на реванш натпреварот, без оглед што имаа напорна недела во која веќе одиграа два меча, а сега одново ги чека наттрчување со литванскиот состав и тоа во нивната сала. Натпреварот почнува во 15:00 часот.
КИРИЛ ЛАЗАРОВ, ТРЕНЕР НА РК АЛКАЛОИД Очекувам тежок натпревар затоа што во шест дена ќе играме три натпревари и тоа не какви било, туку два натпревари од Европски Куп и еден дерби меч со Еурофарм Пелистер, а имаме едно долго патување. Свесен сум дека нема да биде лесно. Имаме хендикеп со повредата на Никола Костески, тоа треба да го споменеме. Внимателен сум, затоа што публиката во Автокоманда, виде, имаме за противник екипа што сака да игра, сака да се наттрчува цел натпревар. Анализиравме и видовме дека во 48 минута беше само шест разлика, а во 54 беше 13 разлика. Можеше да биде поинаку, можеби малку е нереален резултатот. Имаме голема залиха, но тоа не треба да не опушта, ќе се потрудиме да бидеме квалитетни и да одиме на победа, тоа ни е целта.
Ќе биде доста неизвесно до крај, посакуваме победа, но ќе мораме да ја заслужиме. Ќе треба добро да се испотиме за да победиме, а тоа нема да биде едноставно, затоа што, реков, за шест дена играме трет силен натпревар, а имавме и долго патување. Момците се спремни, но и се исцрпени, затоа што одиграа два одлични натпревари и малку се емотивно истрошени по радоста што ја имаа по двете средби. Ќе треба многу да трчаат, свесни сме за тоа во стручниот штаб и ќе направиме сѐ за да излгедаме добро и да победиме и сега.
ИВАН ГАЛЕВСКИ, РАКОМЕТАР НА РК АЛКАЛОИД Победата од првиот меч од 11 гола разлика е голема, но не мора да значи ништо за тоа кој ќе победи на реванш мечот. Драгунас е квалитетна екипа што трча 60 минути и сигурно ќе бидат дополнително мотивирани по високиот пораз во Скопје. Затоа ние ќе бидеме максимално фокусирани, мотивирани и сконцентрирани. Нема да браниме разлика, туку ќе одиме на победа, како и секогаш така и на овој натпревар.
Вести
Голема победа на РК Алкалоид на суперлигашкото дерби
РК Алкалоид ја запиша осмата првенствена победа од исто толку одиграни натпревари, а таа е посебно важна затоа што е извојувана на дерби натпревар со актуелниот првак РК Еурофарм Пелистер. РК Алкалоид на премиерниот меч од сезоната, на Суперкуп дуелот исто така славеше победа над РК Еурофарм Пелистер, но вечерашниот натпревар имаше сосема поинаков ритам, тек и конечен епилог.
РК Алкалоид почна брзо, одбраната функционираше на добро ниво и за само пет минути успеа да направи резултатска предност од три гола разлика 4-1. Голманот на битолскиот состав, репрезентативецот Никола Митревски успеа да скроти неколку напади во продолжение, а гостинските ракометари тоа го материјализираа и успеаја да се вратат резултатски во игра. Никола Костески и Арно Бинго играа одличен натпревар во оваа фаза, а екипата брзо се консолидираше и најмногу што гостите успеаја да направат е израмнување на 6-6. Веднаш потоа следеше одговор и два гола во мрежата на РК Еурофарм Пелистер за ново водство од два гола разлика (8-6), а потоа таа разлика од еден-два гола беше актуелна десетина минути. РК Алкалоид играше одличен меч, колективот функционираше на високо ниво, па наскоро следеше нов добар период по кој резултатот се искачи на 14-9. Таа разлика ја одржа до крајот на првиот дел, по кој на семафорот беше 16-12.
Во второто полувреме, добрата колективна игра на РК Алкалоид уште еднаш даде резултат, па водството порасна и на шест-седум гола разлика, а мечот се играше во ритам гол за гол. Пех за РК Алкалоид на денешниот натпревар е повредата на Никола Костески кој во 38 минута мораше да го напушти теренот. Ритамот не се промени, нивото на игра остана високо и наскоро РК Алкалоид поведе и со максимални осум гола разлика (30-22).
До крајот на натпреварот бодрени од расположената публика, ракометарите на РК Алкалоид контролираа сѐ на теренот и запишаа убедлива победа од седум гола разлика. Со оваа победа РК Алкалоид ја одбрани и разликата од два бода на првото место на табелата пред другите суперлигашки ривали. Следниот натпревар за РК Алкалоид е закажан во сабота, во литванскиот град Клаипеда, каде што ќе го игра реванш мечот од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп. Резултатот од првата средба е 42-31 за РК Алкалоид.
КИРИЛ ЛАЗАРОВ, ТРЕНЕР НА АЛКАЛОИД: Вистинско дерби, одигравме многу квалитетно, ова е можеби една од нашите најдобри партии. Еурофарм Пелистер, беше под своите можности, не знам дали можеби и ние придонесовме за тоа или се малку уморни од натпреварите во Лигата на шампионите. Јас сум го играл ова и знам дека не е лесно, да се игра ваков натпревар, а веќе со мислите да си и на дуелот со Веспрем. Ние имаме максимална почит кон нив, нивниот цел тим. Среќни сме и задоволни, реков уште по натпреварот со Клаипеда, задоволен сум од тоа како функционираме. Некој ја чувствува и вреднува таа победа, некој не, но јас почувствував дека тоа е тоа. Се одморивме, се потспремивме за ден – ден и пол. На сите играчи им симнувам капа, на сите како тим. Им кажав дека не ми е важно кој ги постигнува головите, важно е да функционираме како тим. И засега е така и се надевам дека ќе продолжиме така“, изјави Лазаров.
Ние користиме колачиња на нашата веб-страназа да ви дадеме најрелевантно искуство со запомнување на вашите преференци и повторени посети. Со кликнување на „Прифати ги сите“, се согласувате со употребата на СИТЕ колачиња. Сепак, можете да ги посетите „Поставки за колачиња“ за да обезбедите контролирана согласност или пак кликнете на „Одбијте ги сите“ за да ги одбиете. Подетални информации за тоа како ги користиме колачињата можете да прочитате тука.
Оваа веб-страна користи колачиња за да го подобри вашето искуство додека се движите низ веб-страна . Од нив, колачињата кои се категоризирани како неопходни се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се од суштинско значење за работата на основните функционалности на веб-локацијата. Ние исто така користиме колачиња од трета страна кои ни помагаат да анализираме и разбереме како ја користите оваа веб-локација. Овие колачиња ќе се чуваат во вашиот прелистувач само со ваша согласност. Исто така, имате можност да се откажете од овие колачиња. Но, откажувањето од некои од овие колачиња може да влијае на вашето искуство со прелистување.
Потребните колачиња се апсолутно неопходни за правилно функционирање на веб-страницата. Овие колачиња ги обезбедуваат основните функционалности и безбедносни карактеристики на веб-локацијата, анонимно.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Функционалните колачиња помагаат да се извршат одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-локацијата на платформи за социјални медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Колачињата за изведба се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Аналитичките колачиња се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.
Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите релевантни реклами и маркетинг кампањи. Овие колачиња ги следат посетителите низ веб-локациите и собираат информации за да обезбедат приспособени реклами.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Други некатегоризирани колачиња се оние што се анализираат и сè уште не се класифицирани во категорија.