Ракометарите и стручниот штаб на РК Алкалоид беа дел од пикникот за вработените на компанијата „Алкалоид“ кој традиционално имаше и хуманитарен карактер. Настанот се организира од 2011 година под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, а се обезбедија 1,8 милиони денари кои преку Црвениот крст ќе бидат наменети за социјалните сервиси за стари лица.
Општествената одговорност е долгогодишен дел од традицијата на компанијата „Алкалоид“. Покрај во спортот, компанијата се залага и за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која дејствуваме
РК Алкалоид го совлада тимот на РК Радовиш во четвртото коло од Суперлигата и ја верификуваше втората овосезонска победа. РК Алкалоид подобро го отвори нaтпреварот. Со два воведни гола на Улфар Тордарсон и три последователни на Марко Стојковиќ, скопските сино-бели дојдоа до водство од 5-2, а потоа Мартин Серафимов зголеми на 6-2 пред да се воспостави мала резултатска рамнотежа. Предноста на РК Алкалоид се зголеми до плус шест (9-3, 11-5), максималната разлика во првиот дел беше седум гола (9-16), а на полувреме резултатот беше 18-13 за екипата на РК Алкалоид.
Домашниот состав се обидуваше да остане што подолго рамноправен резултатски, но и во вториот дел РК Алкалоид ја контролираше играта и полека се одлепуваше, па така во 47 минута за прв пат на натпреварот беше плус 10 (19-29). Во последните минути од натпреварот главно се играше околу границата од 10 гола, а средбата заврши со конечни 35-23. Најдобар стрелец во редовите на РК Алкалоид беше Тордарсон со шест погодоци, додека Марко Стојковиќ и Емилијан Ѓорговски постигнаа по пет гола. Во следното коло, РК Алкалоид на домашен терен ќе го пречека тимот на РК Прилеп.
Екипата на РК Алкалоид ги освои бодовите од гостинскиот натпревар со екипата на ГРК Тиквеш, премиерен меч од второто коло.
На своето прво првенствено гостување сезонава, екипата на РК Алкалоид почна инспиративно и со головите на Борзаш, Митев и Костески поведе со 4-0, потоа разликата ја зголеми на плус пет (7-2), а највисоката предност ја имаше во 19 минута кога со голот на капитенот Ѓоргиев поведе со 10-6.
Потоа домашниот состав успеа да воспостави резултатски баланс и одржа ритам до крајот на првиот дел по кој РК Алкалоид имаше предност од 14-9.
РК Алкалоид прв постигна гол во вториот дел и поведе со 15-9, а потоа следеше период во кој заредија исклучувања и заубени топки по што домашниот тим се врати резултатски во игра и во 41 минута намали на 16-17.
Неизвесноста треше уште десетина минути во кој РК Алкалоид поведе со три гола разлика (21-18), но домашните уште еднаш се вратија на минимална негатива (20-21). Потоа контролата одново беше воспоставена, РК Алкалоид поведе со три гола разлика во 54 минута (23-20) и веќе не му дозволи на домашниот состав да се доближи.
Во следното коло, на домашен терен, РК Алкалоид ќе го пречека тимот на РК Еурофарм Пелистер.
Вести
Реми на стартот во Суперлигата
РК АЛКАЛОИД – ГРК ОХРИД 24-24 (11-13) Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегати: Марјан Начевски и Душко Камишевски
РК Алкалоид и ГРК Охрид го комплетираа првото коло од новата сезона во македонската Суперлига со дерби натпревар што се одигра во Автокоманда, а заврши без победник со конечни 24-24.
Мечот почна со брз ритам во кој двата тима обранаа големо внимание на транзицијата и особено на одбранбените задачи што го одведе натпреварот во ритам гол за гол. Гостинскиот состав го диктираше водството кое беше минимално и постојано израмнувано, но ракометарите на РК Алкалоид не успеваа да преминат во водство иако имаа неколку шанси да го сторат тоа.
Играта не се промени до крајот на првиот дел, тактички се надмудруваа двата тима, а по 30 минути гостинскиот состав замина во соблекувалната со предност од два гола (11-13). Паузата повеќе им годеше на играчите на Алкалоид, затоа што стартот на вториот дел, беше спротивен од финишот на првиот.
Со серија од шест гола, нашиот тим од 13-15, успеа да го сврти мечот во своја корист. Новото засилување Урош Борзаш диригираше во нападот, одбраната се зацврсти и десет минути не се прими гол, за позитива на нашиот тим од 19-15. Противникот веднаш реагираше и имаше мала пауза, по која постигна три гола во низа. Се врати на 19-18, но откако не реализира Охрид напад за реми, следеше одговор од Костески, за 20-18. Се играше драматично до крајот, а мечот заврши без победник. Голот за реми го постигна Валентин Карасманакис.
Вести
РК Алкалоид сака да ја поправи сликата на реваншот со Хановер
Нашиот РК Алкалоид е во исчекување на реваншот против бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во рамки на квалификациите во Европската лига на ЕХФ. Првиот меч од битката за место во групната фаза заврши со победа бундеслигашот (37:27) и нашите играчи се пред мисија да се надополни тој минус, за место во групната фаза. Тренерот Кирил Лазаров го најави дуелот со германската екипа која во ланската сезона долго време беше лидер во најдобрата ракометна лига во светот.
„Ни следи реваншот во квалификациите за Европската лига со Хановер, за кого не треба да се трошат зборови. Повеќе од осум месеци беше лидер во најдобрата лига на светот, а оваа година е засилен со искусни играчи. Мене ми е жал што загубивме со нереални и неочекувани за мене десет гола разлика. Во сабота е убав ден, затоа што ќе го подигнеме европскиот пехар кој го освоивме лани со македонски тим, кој постои три години во Суперлигата и уште една во Првата лига и кој е базиран на македонски играчи. Не е убаво чувството со минус десет од Германија да дигаме пехар, но ќе се прилагодиме и ќе се обидеме да се израдуваме колку што можеме пред мечот, а на мечот достоинствено да го презентираме македонскиот ракомет. Сакам еден комплетен натпревар, им кажав на играчите дека мора сите да го оставиме срцето на терен заради нас, заради проектот, заради навивачите. Бев малку разочаран, имав непроспиени ноќи, но такви работи се случуваат во спортот. Штета што македонската јавност не можеше да го види на дело тоа како ние одигравме во Германија и дека не заслуживме пораз од десет гола. Хановер влегува во бундеслигашкиот ритам, на секое зошто имаат затоа и за нас ова ќе биде големо искуство. Се надевам дека ќе имаме комплетен натпревар, а како тоа ќе биде, ќе видиме по 60 минути. Колку и ние да се надевавме, се работи за еден супер-квалитетен противник“, изјави Лазаров.
Во име на тимот на РК Алкалоид пред реваншот со Хановер говореше и капитенот Игор Ѓоргиев. Средниот бек истакна дека тимот не размислува да се предаде и вети максимална борба и ангажираност за секоја топка.
„По дуелот во Германија со екипата на Хановер, сега ни следи домашен дуел пред нашата публика. На првиот меч екипно имавме лош ден пред се во нашата реализација, за чисти ситуации и пенали, што против една таква екипа е недозволиво. Негативата е голема, но ние нема да се откажеме во ниеден момент. Со помош на нашата публика ќе се бориме. Пред мечот го добиваме и пехарот во Европскиот куп, па затоа ја повикувам јавноста во сала, прво да се израдуваме на пехарот заедно, па потоа да бидат наш осми играч“, изјави Ѓорѓиев.
На прес-конференцијата говореше и кружниот напаѓач Валентин Карасманакис.
„Имавме екипно лош ден и технички грешки, сега ни следи реваншот. Се што ни останува е да дадеме 100 отсто од себе на терен и евентуално ако ни се даде шанса, да бидеме подобри од претходно и да го чекаме исходот. Ја повикувам публиката да ни даде поддршка“, изјави Карасманакис.
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Хановер-Бургдорф се игра во сабота со почеток од 19:30 часот во салата „Автокоманда“. На овој дуел ќе има и посебен момент за нашиот тим затоа што ќе го добие ланскиот освоен пехар во Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето
Судиската двојка на натпреварот доаѓа од Романија, тоа се Михаи Маријан Пирву и Раду Михаил Потирниче. Делегат на натпреварот е Михаил Башев од Бугарија. Победникот од овој двомеч ќе игра во Групата Г од Европската лига на ЕХФ каде чекаат екипите на Фредериција (Данска), Татран Прешов (Словачка) и Савехоф/Малме (Шведска).
Вести
Почнува новата европска сезона на РК Алкалоид
Новата, трета по ред европска сезона за РК Алкалоид почнува викендов со првиот дуел од двомечот за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Противник на РК Алкалоид во овој двомеч е тимот со највисокиот рејтинг меѓу екипите што играат во квалификациската фаза – ТСВ Хановер Бургдорф или Die Recken (Воини), еден од најсилните германски клубови во последните неколку сезони.
Првиот натпревар ќе се игра на 31 август (недела, 17:00ч.) во Хановер, а реванш натпреварот е закажан на 6 септември во Скопје, во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:30 часот.
ТСВ Хановер-Бургдорф е клуб кој датира од 1922 година под називот ФТ Бургдорф. Клубот мина низ неколку трансформации во својата историја, за конечно, по повеќе од 80 години подоцна, во 2005 година тогашниот ТСВ Бургдорф да стане ТСВ Хановер- Бургдорф и оттогаш своите натпревари ги игра во Хановер.
Првиот пласман во најсилното германско натпреварување го обезбеди во сезоната 2009/2010, а во вистински резултатски подем ужива во последниве четири-пет години. Во овој период се финансиски стабилни и составија екипа која игра важна улога во најсилната лига во светот.
Минатата сезона беше најдобрата за клубот во неговата историја, а за прв пат теоретски беа во игра и за шампионски пехар. По дваесетина кола беа на врвот на табелата, но не го издржаа докрај ритамот на Бундеслигата. Нивниот резултатски пад почна во последните десет натпревари во кои победија само двапати, еднаш ремизираа и запишаа повеќе порази отколку во текот на целата сезона. Но и покрај тоа завршија на шестото место со само три бода помалку од еден многу попознат тим – СГ Флензбург – Хандевит.
ТСВ Хановер Бургдорф резултатската преродба ја почна под водство на поранешниот селектор на Германија, Кристијан Прокоп, кој дојде во клубот во 2021 година. Го стабилизираше составот, доведе важни ракометари, според неговата визија клубот ја адаптираше својата развојна стратегија и веќе имаат забележителни резултати. Стилот на игра им е препознатлив, во одбрана играат подлабока 6-0 зона во која добро изолираат, се движат и антиципираат. ТСВ Хановер-Бургдорф е препознатлив во Бундеслигата и по брзината на транзицијата што не запира во текот на целиот натпревар, без оглед на резултатот.
ТСВ Хановер Бургдорф бундеслигашките дерби натпревари ги игра во „ЦАГ“ Арена во Хановер која за такви прилики редовно се полни со 11.000 гледачи. Натпреварот со РК Алкалоид ќе го игра во помалата, „Свис Лајф“ Арена која има капацитет од 4.500 гледачи.
Заминаа: Тилен Стрмљан (ГРК Охрид), Мартин Хане (Гепинген), Владислав Кулеш (Мелзунген), Адам Нујфал (Лемго), Корај Ајар (Бешикташ), Винсен Бахнер (Ајзенах), Максимилијан Гербл (крај на кариера)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страназа да ви дадеме најрелевантно искуство со запомнување на вашите преференци и повторени посети. Со кликнување на „Прифати ги сите“, се согласувате со употребата на СИТЕ колачиња. Сепак, можете да ги посетите „Поставки за колачиња“ за да обезбедите контролирана согласност или пак кликнете на „Одбијте ги сите“ за да ги одбиете. Подетални информации за тоа како ги користиме колачињата можете да прочитате тука.
Оваа веб-страна користи колачиња за да го подобри вашето искуство додека се движите низ веб-страна . Од нив, колачињата кои се категоризирани како неопходни се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се од суштинско значење за работата на основните функционалности на веб-локацијата. Ние исто така користиме колачиња од трета страна кои ни помагаат да анализираме и разбереме како ја користите оваа веб-локација. Овие колачиња ќе се чуваат во вашиот прелистувач само со ваша согласност. Исто така, имате можност да се откажете од овие колачиња. Но, откажувањето од некои од овие колачиња може да влијае на вашето искуство со прелистување.
Потребните колачиња се апсолутно неопходни за правилно функционирање на веб-страницата. Овие колачиња ги обезбедуваат основните функционалности и безбедносни карактеристики на веб-локацијата, анонимно.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Функционалните колачиња помагаат да се извршат одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-локацијата на платформи за социјални медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Колачињата за изведба се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Аналитичките колачиња се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.
Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите релевантни реклами и маркетинг кампањи. Овие колачиња ги следат посетителите низ веб-локациите и собираат информации за да обезбедат приспособени реклами.
Колачиња
Тип
Времетраење
Опис
cookielawinfo-checkbox-analytics
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functional
0
11 months
Колачето е поставено со согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходно“.
cookielawinfo-checkbox-others
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance
0
11 months
Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанс“.
viewed_cookie_policy
0
11 months
Колачето е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.
Други некатегоризирани колачиња се оние што се анализираат и сè уште не се класифицирани во категорија.