Вести

РК Алкалоид ќе ја брани Куп-титулата на Ф4-турнирот

РК АЛКАЛОИД – РК ПРОЛЕТ 62 42-20 (18-12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Спаско Ќаев и Глигор Ќаев. Контролор: Камер Металари

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски, Џонов 4, Маркоски, Младеновиќ 4, Серафимов 2, Карасманакис 2, Стојковиќ 2, Велковски, Ивановски 4, Бинго 4, Франциско 1, Петковски 4, Д. Митев 8, Савревски 2, Гарбески 5.
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.

РК ПРОЛЕТ 62: Даскалоски, Трајков, Јовиќ 3, Дамчевски 1, Глигоров, Симовски 4, Димовски, Шилегов 4, Костенчев, Андоновски 1, Стојановски 4, Крстески, Дрпљанин 1, Атанасовски 1, Деспотовски, Спасовски 1.
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 2 мин.

РК Алкалоид рутински си ја заврши задачата и со две победи на две средби во еден ден се пласира на Ф4-турнирот во Купот на Македонија. Во групата во која нашиот тим беше организатор, прво славевме во братската пресметка со РК Мулти Есенс (37-12), а потоа во финалето бевме подобри од РК Пролет 62 (42-20).

Финалниот меч со Пролет тимот го доби убедливо, иако се ротираше и шанса добија помладите ракометари. Во ниту еден наврат гостинот во Автокоманда не беше закана, а главната разлика РК Алкалоид ја направи пред паузата. Тимот тргна да гради серија кога од 11-10, успеа до полувремето да се одлепи на 18-12, а потоа на стартот на вториот дел следеше ново моќно издание во нападот и во одбраната, во кое противникот го сведовме на само два гола, а дадовме 11, за предност од 29-14 и тука веќе беше јасно кој ќе слави.

Дамјан Митев беше најдобар стрелец во нашиот табор со осум гола, со пет гола го следеше Максим Гарбески, додека Џонов, Младеновиќ, Ивановски, Бинго и Петковски погодија по четири пати.

Покрај РК Алкалоид, на завршницата од Купот на Македонија ќе играат Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.

Вести

ЛАЗАРОВ: ГОРД СУМ НА ЕКИПАТА, КОЛЕКТИВОТ ДОНЕСЕ УСПЕХ

РК Алкалоид е во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и во својата втора европска сезона ќе се бори за победнчки пехар.

На двомечот со норвешкиот претставник Рунар Сандефјорд, РК Алкалоид демонстрираше истрајност, борбеност, трпеливот, а одговорноста ја презема колективот кој функционираше на ниво потребно за плсман во финале.

Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од посигнатото и внимателен пред претстојните уште поголеми предизвици.

„Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски може да покрие многу недостатоци и да направи успех.
Со оглед на ситуацијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимаваме на сѐ за на важните натпревари бидеме на потребното ниво.
Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна“, изјави Лазаров.

Во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, РК Алкалоид ќе игра со грчкиот претставник АЕК Атина. Првата средба ќе се игра на 17/18 мај, реваншот е на 24/25 мај. Кој ќе ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен ќе биде одредено со ждрепка.

Вести

Голем успех на РК Алкалоид – ќе игра за титулата во Европскиот Куп на ЕХФ!

Ракометниот клуб Алкалоид направи голем успех за македонскиот ракомет, со пласман во финалето во Европскиот Куп на ЕХФ преку норвешки Рунар Сандефјорд, кого, во реваншот по победата од пет гола во Скопје, го совлада по изведувањето на пенали (регуларен дел 34:29, 1:3 по пенали).

Тимот кој е актуелен Куп-освјувач на Македонија и е составен од 95% македонски ракометари, благодарение на овој резултат обезбеди меч за европски трофеј и стана петтиот клуб од нашата земја кој ќе игра за едно европско одличје.

Противник на Алкалоид во европското финале ќе му биде грчкиот клуб АЕК од Атина кој во полуфиналето го елиминира Извиѓач од БиХ, а датумите на мечевите во Скопје и Атина ќе бидат утврдени со ждрепка.

На радоста на играчите во Норвешка по овој голем успех за млад клуб како Алкалоид ѝ немаше крај, сите во еден глас прославија со „осмиот играч“ – публиката. Стотици Македонци дадоа поддршка за Алкалоид на ова гостување, претежно нашинци кои живеат во земјата.

Вести

РК АЛКАЛОИД Е ВО ФИНАЛЕТО НА ЕХФ ЕВРОПСКИОТ КУП!

РК РУНАР САНДЕФЈОРД- РК АЛКАЛОИД 34-29 (19-15) Пенали: 1-3

Сала: „Рунархолен“ во Сандефјорд, Норвешка. Судии: Франческо Симоне и Пјетро Монотиљо од Италија. Делегат: Хеинур Леифстад од Исланд
РК РУНАР: Бјронстад, Тригестад, Окерн, Гурих 8, Грам, Рамбо 6, Хоген 1, Боје, Линдел 3, Бергли 2, Ривешјо 1, Миклебаст 2, Сјурсен 1, Кнутсен 2, Венемир 1, Вулвик 7
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин.

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 3, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 7, Карасманакис 1, Стојковиќ 1, Велковски 4, Симоноски, Ивановски 4, Бинго, Франциско 1, Петковски, Митев 8, Савревски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 8 мин.

Седмерци:
1-0 Серафимов
1-1 Ривешјо
1-2 Митев
1-3 Петковски

РК Алкалоид е во финалето на ЕХФ Европскиот Куп! Нашиот тим ја одбрани разликата од првиот меч во Скопје и по подобро изведување на седмерци го елиминираше норвешкиот претставник Рунард Сандефјор.

Конечниот резултат од регуларниот дел е 34-29, а по изведување на пенали, РК Алкалоид славеше со 3-1 и во големото финале, за победничкиот пехар ќе игра со екипата на АЕК од Грција.

Финалните натпревари ќе се играат на 17/18 мај и 24/25 мај.

Норвешкиот состав подобро го отвори натпреварот и поведе со 6-1 што беше вовед во 50 минутна жестока битка во која се наттрчуваа играчите и се надмудруваа клупите. Норвешкиот тим имаше контрола, но РК Алкалоид покажа карактер, се бореше трпеливо и успеа во првото полувреме да намали на 13-16, а на полувреме беше 19-15.

Во вториот дел РК Алкалоид се доближи и на два гола разлика, иако некомплетен успеваше да се спротивстави, но домашниот состав во финишот на натпреварот успеа да влезе во серија што го одведе до конечните 34-29.

По ова, победникот на двомечот се решаваше со изведување на седмерци, а РК Алкалоид беше поуспешен и се пласираше во големото финале.

Вести

Нови плејоф бодови за РК Алкалоид

РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 33-30 (16-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Љупчо Јаневски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Џонов 4, Младеновиќ, Серафимов 11, Карасманакис, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 1, Велковски 2, Ивановски 2, Бинго 4, Франциско 2, Петковски 4, Митев 2, Савревски, Гарбески
Седмерци: 8/10 Исклучувања: 10 мин.
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Стојаноски, Блажевски, Субашевски 1, Тодески 5, Ѓеоргиевски 2, Николов 11, Новаковски, Спасовски 1, Т. Узунчев 1, Д. Узунчев, Милошески, Киселовски, Каевски, Михајловиќ 4, Шолиќ 3, Давитковски 1
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 16 мин. 

РК Алкалоид ја запиша третата плејоф победа во македонската Суперлига. Само со еден ден пауза по натпреварот од полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, во домашното првенство во Автокоманда гостуваше екипата на РК Бутел Скопје.
РК Алкалоид запиша победа од 33-30 и освои нови два бода до кои дојде потешко од вообичаено, но и во согласност со очекувањата имајќи го предвид распоредот на одиграни и на натпреварите што претстојат.

Дуелите меѓу РК Алкалоид и РК Бутел Скопје имаат своја тежина и шарм на градско дерби, па така беше и вечерва. Гостите се прикажаа во борбено издание и беа резултатски рамноправни, но РК Алкалоид беше екипата што го диктираше резултатот во текот на сите 60 минути и ниту еднаш не беше во негатива.

РК Алкалоид водеше од почетокот, а гостинскиот состав успеваше да израмнува се до резултат 9-9. Потоа РК Алкалоид поведе со два гола разлика (11-9), потоа и со 12-9 и 13-10 и разликата ја одржа до полувремето.


Во вториот дел, РК Алкалоид имаше и плус четири (17-13), но гостинскиот состав влезе во ритам и успеа да израмни на 17-17.
Потоа одново почна игра гол за гол, а набрзо РК Алкалоид имаше одново водство од три гола 23-20, по што до крајот на мечот разликата се движеше меѓу два и три гола.
Имаше РК Алкалоид шанса да зголеми и на плус четири, има имаа и гостите шанса да намалат на минус еден, но не се случи ниту едното ниту другото по вина на голманите кои беа фокусирани во тие моменти. Во финишот на натпреварот, РК Алкалоид стигна до максималната разлика (33-29), а гостите само го ублажија поразот. 

РК Алкалоид веќе во недела ќе игра нов голем меч, гостува во Норвешка каде што во реваншот од полуфиналето ќе стартува со пет гола предност во одност на домашниот Рунар Сандефјорд. 

Вести

Лазаров и Џонов: Добро ја завршивме домашната задача, ни следи потежок реванш

РК Алкалоид забележа победа над РК Рунар Сандерфјорд (42:37) во првиот полуфинален дуел во рамки на Европската лига на ЕХФ. По мечот се одржа стандардната прес-конференција на која видувања на мечот во Скопје дадоа тренерите на двата табори, како и по еден играч претставник на тимовите.

Кирил Лазаров (РК Алкалоид): „Очекував тежок меч, имавме доста материјал за Рунар. Играат добро цела сезона и во лигата и во Европскиот Куп. Ги почитуваме, победивме со пет гола, но имаме седум дена да се подготвиме добро за реваншот. Сигурен сум дека реваншот ќе биде многу потежок од овој дуел. Можеби ја заслуживме победата, но не со пет гола. Можеби еден до два, но не повеќе.“

Иван Џонов (РК Алкалоид): „Сакам да му честитам на противникот Рунар. Се работи за добар тим, играат брз ракомет, беше тешко да се држи ритам со нив, но успеавме да славиме. Знаат да играат добро и седум на шест, ќе мора да се подготвиме добро за реваншот.“

Бјарте Мирхол (РК Рунар Сандефјорд): „Најпрво, честитки за мечот. Беше како што очекувавме. Го анализиравме Алкалоид, знаевме дека играат брз ракомет исто како нас. Имавме проблеми во одбраната и да ја сопреме нивната игра. Да се прими 42 гола е многу. Околу надмудрувањето со Лазаров со кого бев соиграч во минатото, Кирил беше еден од најпаметните играчи, а сега одигра доста добра игра игра која добро не изолира. Очекував тактички меч, затоа што тој беше важен и за двата тима. Но, во интернационалниот ракомет има многу промени, видовме дека тој знаеше како да не изолира и не изненади. Беше чест да се игра во Скопје против Лазаров и Алкалоид“

Ларс Гурич (РК Рунар Сандефјорд): „Одигравме меч со брз ракомет. Бевме многу добро изолирани од Алкалоид. Мора да се подобриме за реваншот и подобро да се подготвиме“

Реваншот меѓу РК Алкалоид и РК Рунар Сандефјорд е на 27 април од 17:00 часот во Норвешка. Таму е назначена италијанската судиска двојка Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, а делегат е Хлинир Леифсон од Исланд.