Вести
Нови плејоф бодови за РК Алкалоид
РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 33-30 (16-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Љупчо Јаневски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Џонов 4, Младеновиќ, Серафимов 11, Карасманакис, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 1, Велковски 2, Ивановски 2, Бинго 4, Франциско 2, Петковски 4, Митев 2, Савревски, Гарбески
Седмерци: 8/10 Исклучувања: 10 мин.
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Стојаноски, Блажевски, Субашевски 1, Тодески 5, Ѓеоргиевски 2, Николов 11, Новаковски, Спасовски 1, Т. Узунчев 1, Д. Узунчев, Милошески, Киселовски, Каевски, Михајловиќ 4, Шолиќ 3, Давитковски 1
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 16 мин.

РК Алкалоид ја запиша третата плејоф победа во македонската Суперлига. Само со еден ден пауза по натпреварот од полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, во домашното првенство во Автокоманда гостуваше екипата на РК Бутел Скопје.
РК Алкалоид запиша победа од 33-30 и освои нови два бода до кои дојде потешко од вообичаено, но и во согласност со очекувањата имајќи го предвид распоредот на одиграни и на натпреварите што претстојат.
Дуелите меѓу РК Алкалоид и РК Бутел Скопје имаат своја тежина и шарм на градско дерби, па така беше и вечерва. Гостите се прикажаа во борбено издание и беа резултатски рамноправни, но РК Алкалоид беше екипата што го диктираше резултатот во текот на сите 60 минути и ниту еднаш не беше во негатива.
РК Алкалоид водеше од почетокот, а гостинскиот состав успеваше да израмнува се до резултат 9-9. Потоа РК Алкалоид поведе со два гола разлика (11-9), потоа и со 12-9 и 13-10 и разликата ја одржа до полувремето.

Во вториот дел, РК Алкалоид имаше и плус четири (17-13), но гостинскиот состав влезе во ритам и успеа да израмни на 17-17.
Потоа одново почна игра гол за гол, а набрзо РК Алкалоид имаше одново водство од три гола 23-20, по што до крајот на мечот разликата се движеше меѓу два и три гола.
Имаше РК Алкалоид шанса да зголеми и на плус четири, има имаа и гостите шанса да намалат на минус еден, но не се случи ниту едното ниту другото по вина на голманите кои беа фокусирани во тие моменти. Во финишот на натпреварот, РК Алкалоид стигна до максималната разлика (33-29), а гостите само го ублажија поразот.
РК Алкалоид веќе во недела ќе игра нов голем меч, гостува во Норвешка каде што во реваншот од полуфиналето ќе стартува со пет гола предност во одност на домашниот Рунар Сандефјорд.
