Вести

АКРЕДИТИРАЊЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ РК АЛКАЛОИД – АЕК АТИНА

Почитувани медиуми, отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумските работници за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра на 25 мај (недела) од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Новинарите од печатените медиуми, порталите и фотографите треба да ги испратат своите барања најдоцна до 22.5. Барањата за акредитации треба да ги испратат на следнава адреса: marketing@rkalkaloid.mk

Тeлевизиите, Веб телевизиите, подкаст, радио/вебрадио мораат да аплицираат директно во EHF за добивање на акредитација за следење на натпреварот. Барањата за акредитации треба се реализираат преку онјалн платформата за акредитирање на EHF: https://accreditation.ehf.eu

Вести

РК АЛКАЛОИД СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ОД АТИНА!

АЕК – РК АЛКАЛОИД 25-29 (14-16)
Сунел Арена во Атина. Судии: Гитис Снуревичиус и Андруш Григалионис од Литванија. Делегати: Олав Оле Свеин од Норвешка и Франциско Баласкез од Шпанија

АЕК: Женти, Тепер, Арампацис, Матиќ 1, Властос, Шмит 4, Кеита 1, Панајоту 4, Лулиќ 1, Кукулас, Дејвис, Гара 6, Туре 5, Бургар, Шукилович, Сако 3

Седмерци: 1/6 Исклучувања: 4 мин.

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (9 одб), Галевски (5 сед, 2 одб), Џонов, Маркоски 1, Младеновиќ 1, Серафимов 6, Карасманакис, Стојковиќ 3, Велковски 2, Симоноски, Ивановски 3, Бинго 3, Франциско 5, Петковски 3, Митев 2, Савревски

Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид извојува победа од четири гола разлика (29-25) над екипата на АЕК од Грција во првиот меч од финалниот двобој во ЕХФ Европскиот Куп што се одигра во Атина.

Во тензична атмосфера во полната сала во Атина, во натпревар кој двапати беше прекинуван поради дивеењето на домашните навивачи кои фрлаа разни предмети на теренот, ракометарите на РК Алкалоид одиграа на висина на задачата, пружија бескомпромисна борба, ги издржаа сите притисоци и конечно, стигнаа до посакуваниот резултат.

Во првите петнаесет минути од натпреварот се играше израмнето со тоа што и двата тима повремено беа во водство. РК Алкалоид подобро функционираше на теренот. Одбраната ја вршеше одлично својата работа, а колективот уште еднаш го изнесе товарот. Сино белиот тим, подобро се снајде во финишот на првото полувреме и успеа да ја добие таа делница со резултат 16-14.

Посилен ритам натпреварот имаше во второто полувреме. РК Алкалоид диктираше водство, а домашниот состав се обидуваше со сите сили да израмни. Икс фактор на натпреварот беше голманот Иван Галевски кој успеа да одбрани дури пет седмерци на домашниот тим.

Кон средината на полувреме натпреварот двапати беше прекинуван поради домашните фанови, но ракометарите на РК Алкалоид го издржаа притисокот, играа одлична одбрана и успеаја да го скршат отпорот на домашниот состав и да стигнат до посакуван резултат.

Реванш натпреварот ќе се игра следната недела во „Борис Трајковски“ во Скопје.

Вести

Без победник на дербито меѓу РК Алкалоид и РК Вардар 1961

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 26-26 (12-12)

Сала:„ Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски од Битола. Делегати: Драган Начевски и Ацо Николовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (8 +1 сед) , Галевски (2 одб+ 1 сед), Џонов 1, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Велковски, Симоноски 1, Ивановски 6, Бинго, Франциско 3, Петковски 3, Митев 1, Савревски

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8

РК ВАРДАР 1961: Еспиња (11 одб), Гогов, М. Стојановски, Јагуриновски 2, Аларов, Т. Стојановски, Георгиевски 2, Танкоски 2, Коиј 1, Лазаревски 6 Хориха 3, Срдановиќ 2, Николиќ 1, Петриќ, Пинто, Борозан 7
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 8 мин.

Големото дерби во македонската суперлига меѓу екипите на РК Алкалоид и РК Вардар 1961 заврши со поделба на бодовите, откако по голема 60 минутна битка натпреварот заврши со резултат 26-26.

РК Алкалоид подобро го отвори натпреварот, играше добра одбрана надополнета со инспирираниот голман Марко Кизиќ на голот и поведе со 5-2, а имаше и напад за плус четири. Но, неколку грешки во нападот го вратија во игра противничкиот состав и РК Вардар успеа да израмни на 5-5, по што натпреварот премина во игра гол за гол во која РК Алкалоид го диктираше резултатот.

Вардар го имаше единственото водство во 21 минута (8-7), но веднаш беше најден против одговор и РК Алкалоид имаше одново плус два (10-8).

Резултатот не беше прекршен, гостинските ракометари успеаја да израмнат на 10-10, а потоа до крајот на полувремето немаше поголеми промени и на полувреме се замина со резултат 12-12.

Подобро отворање на вториот дел имаше гостинскиот состав кој успеа да поведе со два до три гола разлика (17-14), но РК Алкалоид покажа карактер и успеа во најтешките моменти да најде решенија и инспирација и се врати во натпреварот.

Мартин Серафимов играше одлично во вториот дел и успеа да ја врати средбата во егал (20-20), по што иницијативата ја презема РК Алкалоид.

Голманот Иван Галевски имаше многу важни интервенции во финишот на натпреварот, но за жал РК Алкалоиид пропушти неколку напади во кои можеше да поведе и со два гола разлика и да ја олесни работата во финишот.

Се играше гол за гол, а последниот погодок три секунди до крајот го постигнаа гостите за средбата да заврши без победник.

Вести

РК Алкалоид ќе ја брани Куп-титулата на Ф4-турнирот

РК АЛКАЛОИД – РК ПРОЛЕТ 62 42-20 (18-12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Спаско Ќаев и Глигор Ќаев. Контролор: Камер Металари

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски, Џонов 4, Маркоски, Младеновиќ 4, Серафимов 2, Карасманакис 2, Стојковиќ 2, Велковски, Ивановски 4, Бинго 4, Франциско 1, Петковски 4, Д. Митев 8, Савревски 2, Гарбески 5.
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.

РК ПРОЛЕТ 62: Даскалоски, Трајков, Јовиќ 3, Дамчевски 1, Глигоров, Симовски 4, Димовски, Шилегов 4, Костенчев, Андоновски 1, Стојановски 4, Крстески, Дрпљанин 1, Атанасовски 1, Деспотовски, Спасовски 1.
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 2 мин.

РК Алкалоид рутински си ја заврши задачата и со две победи на две средби во еден ден се пласира на Ф4-турнирот во Купот на Македонија. Во групата во која нашиот тим беше организатор, прво славевме во братската пресметка со РК Мулти Есенс (37-12), а потоа во финалето бевме подобри од РК Пролет 62 (42-20).

Финалниот меч со Пролет тимот го доби убедливо, иако се ротираше и шанса добија помладите ракометари. Во ниту еден наврат гостинот во Автокоманда не беше закана, а главната разлика РК Алкалоид ја направи пред паузата. Тимот тргна да гради серија кога од 11-10, успеа до полувремето да се одлепи на 18-12, а потоа на стартот на вториот дел следеше ново моќно издание во нападот и во одбраната, во кое противникот го сведовме на само два гола, а дадовме 11, за предност од 29-14 и тука веќе беше јасно кој ќе слави.

Дамјан Митев беше најдобар стрелец во нашиот табор со осум гола, со пет гола го следеше Максим Гарбески, додека Џонов, Младеновиќ, Ивановски, Бинго и Петковски погодија по четири пати.

Покрај РК Алкалоид, на завршницата од Купот на Македонија ќе играат Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.

Вести

ЛАЗАРОВ: ГОРД СУМ НА ЕКИПАТА, КОЛЕКТИВОТ ДОНЕСЕ УСПЕХ

РК Алкалоид е во финалето на ЕХФ Европскиот Куп и во својата втора европска сезона ќе се бори за победнчки пехар.

На двомечот со норвешкиот претставник Рунар Сандефјорд, РК Алкалоид демонстрираше истрајност, борбеност, трпеливот, а одговорноста ја презема колективот кој функционираше на ниво потребно за плсман во финале.

Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од посигнатото и внимателен пред претстојните уште поголеми предизвици.

„Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта покажавме дека колективот, доколку дејствува тимски може да покрие многу недостатоци и да направи успех.
Со оглед на ситуацијата, нѐ очекува пеколна завршница на сезоната. Ќе внимаваме на сѐ за на важните натпревари бидеме на потребното ниво.
Пласманот во финалето на Алкалоид е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет. Очекуваме поддршка во финалето од љубителите на ракометот во Македонија, ќе ни биде многу потребна“, изјави Лазаров.

Во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, РК Алкалоид ќе игра со грчкиот претставник АЕК Атина. Првата средба ќе се игра на 17/18 мај, реваншот е на 24/25 мај. Кој ќе ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен ќе биде одредено со ждрепка.

Вести

Голем успех на РК Алкалоид – ќе игра за титулата во Европскиот Куп на ЕХФ!

Ракометниот клуб Алкалоид направи голем успех за македонскиот ракомет, со пласман во финалето во Европскиот Куп на ЕХФ преку норвешки Рунар Сандефјорд, кого, во реваншот по победата од пет гола во Скопје, го совлада по изведувањето на пенали (регуларен дел 34:29, 1:3 по пенали).

Тимот кој е актуелен Куп-освјувач на Македонија и е составен од 95% македонски ракометари, благодарение на овој резултат обезбеди меч за европски трофеј и стана петтиот клуб од нашата земја кој ќе игра за едно европско одличје.

Противник на Алкалоид во европското финале ќе му биде грчкиот клуб АЕК од Атина кој во полуфиналето го елиминира Извиѓач од БиХ, а датумите на мечевите во Скопје и Атина ќе бидат утврдени со ждрепка.

На радоста на играчите во Норвешка по овој голем успех за млад клуб како Алкалоид ѝ немаше крај, сите во еден глас прославија со „осмиот играч“ – публиката. Стотици Македонци дадоа поддршка за Алкалоид на ова гостување, претежно нашинци кои живеат во земјата.