Вести
Без победник на дербито меѓу РК Алкалоид и РК Вардар 1961
РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 26-26 (12-12)
Сала:„ Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски од Битола. Делегати: Драган Начевски и Ацо Николовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (8 +1 сед) , Галевски (2 одб+ 1 сед), Џонов 1, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Велковски, Симоноски 1, Ивановски 6, Бинго, Франциско 3, Петковски 3, Митев 1, Савревски
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8
РК ВАРДАР 1961: Еспиња (11 одб), Гогов, М. Стојановски, Јагуриновски 2, Аларов, Т. Стојановски, Георгиевски 2, Танкоски 2, Коиј 1, Лазаревски 6 Хориха 3, Срдановиќ 2, Николиќ 1, Петриќ, Пинто, Борозан 7
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 8 мин.

Големото дерби во македонската суперлига меѓу екипите на РК Алкалоид и РК Вардар 1961 заврши со поделба на бодовите, откако по голема 60 минутна битка натпреварот заврши со резултат 26-26.
РК Алкалоид подобро го отвори натпреварот, играше добра одбрана надополнета со инспирираниот голман Марко Кизиќ на голот и поведе со 5-2, а имаше и напад за плус четири. Но, неколку грешки во нападот го вратија во игра противничкиот состав и РК Вардар успеа да израмни на 5-5, по што натпреварот премина во игра гол за гол во која РК Алкалоид го диктираше резултатот.
Вардар го имаше единственото водство во 21 минута (8-7), но веднаш беше најден против одговор и РК Алкалоид имаше одново плус два (10-8).
Резултатот не беше прекршен, гостинските ракометари успеаја да израмнат на 10-10, а потоа до крајот на полувремето немаше поголеми промени и на полувреме се замина со резултат 12-12.

Подобро отворање на вториот дел имаше гостинскиот состав кој успеа да поведе со два до три гола разлика (17-14), но РК Алкалоид покажа карактер и успеа во најтешките моменти да најде решенија и инспирација и се врати во натпреварот.
Мартин Серафимов играше одлично во вториот дел и успеа да ја врати средбата во егал (20-20), по што иницијативата ја презема РК Алкалоид.
Голманот Иван Галевски имаше многу важни интервенции во финишот на натпреварот, но за жал РК Алкалоиид пропушти неколку напади во кои можеше да поведе и со два гола разлика и да ја олесни работата во финишот.
Се играше гол за гол, а последниот погодок три секунди до крајот го постигнаа гостите за средбата да заврши без победник.