Вести

РК Алкалоид максимално борбен, но не освои бодови

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 32-33 (17-19)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегати: Марјан Начевски и Лери Мирчевски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 2, Тордарсон, Маркоски, Никола Костески 7, Стојковиќ 5, М. Митев 5, Велковски 2, Ивановски, Ненад Костески, Д. Митев 3, Борзаш 5, Аларов, Николов 3, Ѓорговски
Седмерци: 9/9 Исклучувања: 12 мин.
РК ВАРДАР 1961: Стојановски, Гогов, Валах, Воркапиќ 10, Боно 1, Георгиевски, Кеита, Митровиќ 3, Танкоски, Лазаревски 2, Тузолана 3, Хориха 6, Атанасовски, Силва 6, Малус 1, Јанковски 1
Седмерци: 8/8 Исклучувања: 14. мин.

Само една недела откако играше дерби меч од последното коло во првата фаза од шампионатот, РК Алкалоид одново се сретна со РК Вардар 1961, овој пат во првото коло од Плејоф разигрувањето во македонската Суперлига.
Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“ која и овој пат беше претесна за сите љубители што сакаа во живо да го следат натпреварот, а минимална победа оствари гостинскиот состав (33-32).

Тренерот Кирил Лазаров и на овој натпревар не можеше да смета на услугите на двајца повредени стартери, капитенот Игор Ѓоргиев и десниот бек Мартин Серафимов, но и со комбиниран состав РК Алкалоид преку беспоштедна борба беше целосно резултатски рамноправен и со реална шанса да освои бод(ови) од овој дерби меч.

Гостинскиот состав за нијанса подобро го отвори натпреварот и имаше тесно водство (5-4, 8-7) во првите десет минути од средбата, но РК Алкалоид ја презема контролата по десеттата минута и со головите на Џонов и Никола Костеска премина во водство (9-8, 10-9). Потоа се играше гол за гол во следните десет минути, по што гостинскиот состав одново премина во водство и на крајот на полувремето имаше два гола позитива (19-17).

Разликата од два гола превејуваше низ целото второ полувреме во кое се играше атрактивен и активен ракомет. Гостите имаа предност, РК Алкалоид постојано беше блиску со шанса да направи пресврт. Натпреварот беше резултатски прекршен во 55 минута кога Алкалоид не успеа да искористи еден напад, па гостите поведоа со 33-29.
Тоа не беше крај, РК Алкалоид успеа да дојде на чекор до пресврт, при резултат 31-33 пропушти чиста шанса за да внесе поголема неизвесност во финишот. На крајот, противникот имаше гол предност и десет секунди со посед на топката, што успеа да ги претвори и во конечен резултат.

Вести

Големата борба не беше наградена со бодови

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 25-28 (13-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Камер Металари
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Кизиќ, Џонов 2, Тордарсон, Маркоски, Стојковиќ, М. Митев 1, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Ненад Костески 2, Петковски, Д. Митев 4, Борзаш 9, Аларов 1, Николов 2
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.
РК ВАРДАР 1961: Богдановски, Валах, Гогов, Воркапиќ 1, Георгиевски, Кеита 2, Митровиќ 5, Танкоски, Лазаревски 1, Тузолана, Хориха 6, Атанасовски, Силва 2, Малус 10, Јанковски
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 10 мин.

Автокоманда беше домаќин на последното дерби во првиот дел од сезоната во македонската Суперлига. РК Алкалоид го пречека тимот на РК Вардар 1961 на последното одмерување на силите пред да стартува Плејоф шампионатот.

Натпреварот беше тврда битка 60 минути во која ситни детали решаваа за конечниот исход на мечот. Таков беше и почетокот на натпреварот по кој блага предност оствари гостинскиот тим. РК Алкалоид се консолидираше и беше резултатски само чекор оддалечен и со константен притисок врз противникот.

Првиот дел заврши со минимална предност на гостите, а на почетокот на второто полувреме РК Алкалоид беше подобриот противник и го презема водството, а стигна и до предност од два гола (17-15). Покрај отсуството на Мартин Серафимов, РК Алкалоид имаше и втор хендикеп на овој меч, во 37 минута се повреди Игор Ѓоргиев. Тоа влијаеше на играта на РК Алкалоид, иако резултатски натпреварот остана неизвесен сѐ до последниот напад.

Гостинскиот тим имаше повеќе среќа во последната минута и успеа да постигне клучен гол за победа.

Вести

РК АЛКАЛОИД ЗАПИША УШТЕ ЕДНА ПРВЕНСТВЕНА ПОБЕДА

РК СТРУГА – РК АЛКАЛОИД 20-41 (9-20)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Душко Камишевски
РК СТРУГА: Тутенкоски, Стефановиќ 1, Мечкароски 2, Костов 5, Клењоски 1, П. Ферукоски 3, Д. Ферукоски, Пејоски, Симоноски 3, Ристевски, Димоски 1, Костоски 1, Савески, Талевски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Николовски, Џонов 2, Тордарсон 7, Никола Костески 4, Серафимов 1, Стојковиќ 1, М. Митев 4, Симоноски 3, Велковски, Ивановски 2, Петковски 5, Д. Митев 4, Трајкоски 1, НИколов 2, Ѓорговски 5
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин.

РК Алкалоид одигра три натпревари за помалку од една недела и запиша три победи во пресрет на последното коло од првата фаза во кое на домашен терен ќе го пречека тимот на РК Вардар 1961.
РК Алкалоид во 21 коло од Суперлигата во Автокоманда играше со екипата на Струга и запиша убедлива победа од 41-20 (20-9).
Натпреварот немаше резултатски неизвесности. РК Алкалоид поведе со 4-0, пота беше 7-2, а во 25 минута водеше со 15-9. Во последните пет минути од првиот дел, РК Алкалоид со серија од 5-0 го постави конечниот резултат по 30 минути игра (20-9).


Во вториот дел резултатот како и во првото полувреме, постојано се зголемуваше во полза на екипата на РК Алкалоид за конечно по 60 минути игра да биде поставен и конечниот резултат, а тоа е победа на Алкалоид од 41-20.
Од првата фаза на Суперлигата останува да се одигра уште 22 коло, а РК Алкалоид веќе има обезбеден пласман во Плејоф разигрувањето во Суперлигата.

Вести

РК Алкалоид со висока победа до бодови во Битола

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЛКАЛОИД 22-36 (12-20)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески. делегат: Александар Стефановски
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: Фехми, Марковски 2, Лозановски, Гичев 2, Велески, Митревски 3, Јовановски, Шулевски 1, Младенов, Дамчевски, Димитровски, Пецаковски, Славков, Белистојаноски 4, Дрогришки 1, Махмуд 8
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 2 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 4, Тордарсон 8, Маркоски, Серафимов 1, Стојковиќ 2, М. Митев 4, Ѓоргиев, Не. Костески 5, Петковски 1, Д. Митев 4, Борзаш 2, Аларов 2, Николов 3, Ѓорговски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин. 

РК Алкалоид на гостувањето во Битола кај екипата на РК Еурофарм Пелистер 2 ја запиша втората победа во 2026 по што распоредот на врвот на табелата остана непроменет во однос на минатото коло.
Резултатските дилеми на натпреварот со РК Еурофарм Пелистер 2 беа решени на почетокот на натпреварот, по само десетина минути игра по кои РК Алкалоид одигра одлично во одбраната и поведе со пет гола разлика (7-2), а повеќе од пола од постигнатите голови беа од контранапад овозможен од дефанзивците.

Следните десет минути од натпреварот минаа во резултатски поизрамнета игра, а во последната третина од првото полувреме, РК Алкалоид уште еднаш изврши притисок врз домашните ракометари и резултатот од шест гола разлика во 20 минута (12-8), прерасна во многу поубедливо водство (17-8) во 24 минута од мечот за конечно на полувреме да биде 20-12.
По само три минути игра во второто полувреме РК Алкалоид водеше со двоцифрена предност (22-12), а серијата што РК Алкалоид ја направи на почетокот на вториот дел беше 5-0 (25-12). Меѓу 10 и 13 гола беше разликата до крајот на натпреварот, а конечниот резултат е 36-22.

Улфар Монси Тордарсон со осум постигнати голови беше најефикасниот ракометар на РК Алкалоид, а три гола помалку од него постигна Ненад Костески. Марко Кизиќ имаше 12, а Иван Галевски осум одбрани.

Во следното коло, во петок, РК Алкалоид ќе биде гостин на РК Струга, но тој натпревар ќе се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Вести

Убедлива победа на РК Алкалоид на првиот меч во 2026

РК АЛКАЛОИД – РК ПРОЛЕТ 62 37-29 (17-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Александар Вукашиновски. Делегат: Бобан Мајнов
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Тордарсон 2, Маркоски, Ѓоргиев 2, Велковски, Симоноски 2, Ивановски, 2 Не. Костески, Петковски 3, Д. Митев 10, Борзаш 2, Трајкоски 3, Аларов, Николов 6, Ѓорговски 3
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 8 мин.
РК ПРОЛЕТ 62: Трајков, Симоновски, Крстески 2, Александров, Андоновски 3, Лешниковски 2, Јовиќ, Димковски 8, Стојановски 4, Стојчевиќ 1, Стоилески 6, Дрпљанин, Палевски 1, Ѓорчески 2, Солев, Давитковски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид на својот прв официјален натпревар во 2026, запиша првенствена победа над РК Пролет 62 и го задржа победничкиот низ во пресрет на трите последни кола од првиот дел од сезоната.
РК Алкалоид на овој меч настапи без репрезентативците Марко Митев, Мартин Серафимов, Иван Џонов, Марко Стојковиќ и Ненад Костески. Тоа отвори шанса повеќе минути да добијат Давид Трајкоски, Александар Петковски, Дамјан Митев, а деби во сино-белиот дрес имаше и леворакиот бек Филип Николов кој во зимската пауза премина во редовите на РК Алкалоид.

Филип Николов својот гол првенец во редовите на РК Алкалоид го постигна во шестата минута и тоа беше погодок за прво водство на домашниот состав на натпреварот (4-3). Во 10 минута беше 6-6, а потоа во следните три минути со головите на Ѓоргиев, Борзаш и Дамјан Митев, РК Алкалоид прв пат на натпреварот направи поосетна разлика и поведе со 9-6.
Два до четири гола разлика беше резултатската дистанца до крајот на првото полувреме кое заврши со резултат 17-14.


На почетокот на второто полувреме, РК Алкалоид беше пофокусиран и предноста почна да се зголемува. Во 35 минута беше плус шест (21-15), пет минути подоцна новото највисоко водство беше плус осум гола (24-16). Во 44 минута, со шестиот гол на Филип Николов, РК Алкалоид прв пат на натпреварот имаше двоцифрена предност (28-18).
Највисокото водство на домашниот тим беше 34-23, по што следуваше серија од 4-0 на гостинскиот состав со која го ублажија поразот.
Во следното коло, РК Алкалоид ќе гостува во Битола кај екипата на РК Еурофарм Пелистер 2.