Вести

Во дербито против РК Вардар останавме без бодови

-->

ВАРДАР 1961 – АЛКАЛОИД   28-25 (12-13)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Начевски и Божиновски. 


РК Вардар: Томовски (11 одб), Манасков 8, Стоилов 4, Моралес 4, Георгиевски 3, Добрковиќ, Карапалевски 3, Чувара, Лазаревски 1, Савревски, Талески 6, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски, Гогов
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 10 мин.


РК Алкалоид: Трајковски (13 одб), Галевски, Маркоски 1, Стојков 1, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Илиески 2, Стојковиќ 6, Митев 2, Ѓоргиев 1, Симоноски 2, Иваноски 2, Омергаиќ, Тодески, Кофилоски 1, Петковски 1
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 4 мин.

Во дерби натпреварот на четвртото коло во Суперлигата, РК Алкалоид гостуваше во СЦ „Јане Сандански“ кај екипата на РК Вардар 1961.

Натпреварот беше резултатски израмнет во текот на целиот тек. Поискусниот домашен тим имаше водство од 7-4 и 12-9, но покажаа карактер нашите млади ракометари, а играта во одбрана и добрата транзиција овозможи да ја преземеме контролата на теренот и со серија од 4-0 на полувреме да се замине со резултат 13-12 за РК Алкалоид.

Не изостанаа возбудувања ниту во второто полувреме. Домашниот состав успеа во еден момент во 45 минута да поведе со 21-17, но по тајм аутот што го побара Кирил Лазаров, нашиот тим со серија од 5-0 одново премина во водство.
Натпреварот беше неизвесен до крајот, а пресуди поголемото искуство на противникот за конечни 28-25.