Вести
Шеста суперлигашка победа за РК Алкалоид
РК ПРОЛЕТ 62 – РК АЛКАЛОИД 20-29 (10-17)
Сала: „Македонско Сонце“ во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Ацо Николовски
РК ПРОЛЕТ 62: Даскаловски, Солев (11 одб.), Трајковски 2, Јовевски, Глигоров, Василевски, Крстески, Андоновски 2, Мајнов 2, Димковски 2, Стојановски 2, Стоилевски 3, Дрпљанин, Палевски 1, Давитковски 1, Мишевски 5.
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Кизиќ, Џонов 3, Тордарсон 7, Маркоски, Серафимов 1, Карасманакис 2, Стојковиќ, Ѓоргиев, Ивановски, Костески 7, Петковски 1, Борзаш 4, Аларов 1, Иваноски, Ѓорговски 3.
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид освои нови суперлигашки бодови и ја оствари целта во дуелот со РК Пролет 62. На гостувањето во салата „Македонско Сонце“, нашиот тим успеа да слави со резултат 29-20 (полувреме 17-10). На овој меч, тренерот Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а победата не беше доведена под прашалник во ниту еден момент.

РК Алкалоид уште од почетокот најави дека триумфот е само опција на овој меч, затоа што отвори со пет гола во серија. Беше 5-0, па 8-2 за нашиот тим, висока предност која остана и до паузата кога водевме со седум гола (17-10). Главниот збор во нападите го имаа крилата Монси Тордарсон и Ненад Костески кои заедно комбинираа десет гола за РК Алкалоид во првиот дел, а исто така и голманот Иван Галевски со девет одбрани.

Во второто полувреме РК Алкалоид имаше мал пад во играта, а тоа РК Пролет го искористи. Ривалот дојде на четири гола негатива (19-15), тоа беше знак за тајм-аут на тренерот Кирил Лазаров, по кој поделените совети донесоа плод. Повторно нашиот тим влезе во препознатливиот брз ритам и преку транзиција се одлепи на највисоките плус осум гола (24-16). До финишот повеќе немаше дилеми кој ќе слави во скопската пресметка на двата суперлигаши.
