Вести

РК Мулти Есенс продолжува без грешка

-->

РК ШАМПИОН – РК МУЛТИ ЕСЕНС  23-38 (11-15)


Сала:„ Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Георгиевски и Наумовски. Делегат: Арсенов
РК Шампион: Димовски, Билбиловски 5, Велјановски, Атанасовски, Петровски 2, Ѓоргиевски 1, Сотировски, Трајковски, Спирковски 5, Миновски 3, Огненовски 3, Богоевски 4
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.


РК МУЛТИ ЕСЕНС: Штаковски, Ерманоски, Димитиевски 3, Д. Узунчев 6, Тричковски 1, Омерагиќ 4, Алексовски, Младеновски, Т. Узунчев 3, Митев 5, Проданов 4, Карасманакис 1, Ниновски 3, Костовски 3, Георгиевски 5, Иванов
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 14 мин. 

РК Мулти Есенс ја продолжи серијата што по денешната победа над РК Шампион изнесува девет победи од девет натпревари. 
Ова беше прв натпревар од вториот круг, а РК Мулти Есенс како гостин играше со РК Шампион во салата „Антон Димитров“ во Бутел.  


РК Мулти Есенс од почетокот на мечот наметна темпо и поведе со 3-0 и 5-2. Домашниот состав успеа делумно да возврати, намали на 6-7, но потоа следеше период во кој РК Мулти Есенс мирно ја зголемуваше предноста и дојде до максималните плус пет (12-7) во првиот дел. 
Обидите на домашниот тим да ја пробијат одбраната беа успешно одбиени, а на полувреме се замина со резултат 15-11. 

Вистинската доминација на РК Мулти Есенс почна во вториот дел. Разликата доста брзо стана и двоцифрена (24-14), а до крајот беше и зголемена до плус 15 или 38-23. 

РК Мулти Есенс е единствениот тим во групата со максимален ефект и е осамен  на врвот на табелата во групата „А“.