Вести

РК Мулти Есенс останува на 100 проценти

-->

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК МЕТАЛУРГ РА  29-28 (18-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски. Делегат: Бобан Мајнов
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Штаковски, Ерманоски, Димевски, Грујевски 2, Д. Узунчев 6, Тричковски 3, Омерагиќ 3, Алексовски, Младеновски, Т. Узунчев 2, Јорданов 5, Карасманакис 2, Ниновски 1, Костовски 2, Трајчев, Иванов 3
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.
РК МЕТАЛУРГ РА: Ангеловски, Божиновски 1, Георгиевски 9, Јанкуловски, Филиповски 1, Пановски 2, Аксентиев, Ристовски 3, Стојчевски, Ивчески, Петковски 6, Гацев, Наумовски 1, Колевски 3, Јосифовски, Гилев 2
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин.

РК Мулти Есенс стигна до својата десетта-плејоф победа, вкупно 18 победа во годинешниот шампионат. Денеска нашиот тим го совлада РК Металург РА на натпревар што беше динамичен и со интересна завршница во која нашиот тим имаше повеќе концентрација и не дозволи вистинска резултатска драма.

РК Мулти Есенс го контролираше резултатот во целот на најголемиот дел од натпреварот. Во првото полувреме беше поконкретен тим од почетокот и поведе со 9-4. Но, гостинскиот состав успеа да се одржи во игра, иако водството од три до четири гола беше константно. На полувреме се замина со резултат 18-14 за нашиот состав.

Во второто полувреме, гостите успеаја од негатива 19-22 да направат пресврт и да поведат со 24-23. РК Мулти Есенс веднаш возврати, постигна два гола по ред за ново водство од 25-24, а потоа во финишот на мечот, по израмнувањето на 26-26 со серија од 3-0 стигна до водство од 29-26 кое беше недостижно за противникот, кој пак со гол во последната секунда, успеа да се избори за минимален пораз.