Вести
РК Алкалоид со висока победа до бодови во Битола
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЛКАЛОИД 22-36 (12-20)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески. делегат: Александар Стефановски
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: Фехми, Марковски 2, Лозановски, Гичев 2, Велески, Митревски 3, Јовановски, Шулевски 1, Младенов, Дамчевски, Димитровски, Пецаковски, Славков, Белистојаноски 4, Дрогришки 1, Махмуд 8
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 2 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 4, Тордарсон 8, Маркоски, Серафимов 1, Стојковиќ 2, М. Митев 4, Ѓоргиев, Не. Костески 5, Петковски 1, Д. Митев 4, Борзаш 2, Аларов 2, Николов 3, Ѓорговски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид на гостувањето во Битола кај екипата на РК Еурофарм Пелистер 2 ја запиша втората победа во 2026 по што распоредот на врвот на табелата остана непроменет во однос на минатото коло.
Резултатските дилеми на натпреварот со РК Еурофарм Пелистер 2 беа решени на почетокот на натпреварот, по само десетина минути игра по кои РК Алкалоид одигра одлично во одбраната и поведе со пет гола разлика (7-2), а повеќе од пола од постигнатите голови беа од контранапад овозможен од дефанзивците.

Следните десет минути од натпреварот минаа во резултатски поизрамнета игра, а во последната третина од првото полувреме, РК Алкалоид уште еднаш изврши притисок врз домашните ракометари и резултатот од шест гола разлика во 20 минута (12-8), прерасна во многу поубедливо водство (17-8) во 24 минута од мечот за конечно на полувреме да биде 20-12.
По само три минути игра во второто полувреме РК Алкалоид водеше со двоцифрена предност (22-12), а серијата што РК Алкалоид ја направи на почетокот на вториот дел беше 5-0 (25-12). Меѓу 10 и 13 гола беше разликата до крајот на натпреварот, а конечниот резултат е 36-22.

Улфар Монси Тордарсон со осум постигнати голови беше најефикасниот ракометар на РК Алкалоид, а три гола помалку од него постигна Ненад Костески. Марко Кизиќ имаше 12, а Иван Галевски осум одбрани.
Во следното коло, во петок, РК Алкалоид ќе биде гостин на РК Струга, но тој натпревар ќе се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје.
