Вести
РК Алкалоид се пласираше на Ф4!
РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК АЛКАЛОИД 23:36 (16:17)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Ацо Николовски
РК ВАРДАР НЕГОТИНО: Ацев, Михајловиќ, Ташев, Ѓорѓев, Кузманов 4, Орешков 1, Митевски 3, Ангелов, Емини, Петров, Кочаров 1, Адамовиќ 9, Пеовски 3, Матовски 2
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 4 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Стојков 6, Младеновиќ 2, Серафимов, Илиески, Стојковиќ 4, М. Митев 4, Ѓоргиев 1, Иваноски 1, Симоноски 4, Омерагиќ, Тодески 1, Кофилоски 4, Д. Митев 7, Савревски 2
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин.
РК Алкалоид се пласираше на фајналфор-турнирот од Купот на Македонија за прв пат во својата историја. Вечерва, во финалето на групата што се играше во Автокоманда, РК Алкалоид го совлада РК Вардар Неготино и го верификуваше пласманот меѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување.
Тренерот Кирил Лазаров за денешното финале го комбинираше составот. Неколку ракометари кои вчера на дуелот со Бутел Скопје водеа исцрпувачки дуели, денеска беа поштедени, а шанса вечерва добија други играчи од ростерот.
Тоа во извесна мерка придонесе во првото полувреме да се игра резултатски израмнет натпревар, во кој сепак, РК Алкалоид беше екипата која го контролираше резултатот.
На полувреме резултатот беше 17:16 за РК Алкалоид, а сите дилеми околу конечниот победник беа отстранети по само пет минути игра во второто полувреме. Составот на РК Неготино во првите пет и пол минути не успеа да постигне гол, РК Алкалоид постигна четири и поведе со 21-16 што беше клучната резултатска пресвртница на овој натпревар.
Во продолжението, до крајот на средбата, РК Алкалоид без резултатски падови, во целост ги контролираше сите случувања на теренот и запиша висока победа од 36:23.
Најдобар стрелец на овој меч за нашиот тим, со седум постигнати погодоци беше младиот Дамјан Митев кој прв пат доби шанса да игра со поголема одговорност и минутажа. Зад него на листата на стрелци е крилото Александар Стојков со шест погодоци.
Во продолжението на Купот на Македонија, РК Алкалоид на фајналфор-турнирот ќе се оди заедно со екипите на РК Т. Пролет, РК Вардар 1961 и РК Е. Пелистер