Вести

РК Алкалоид победи на уште едно големо дерби!

-->

РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 21-19 (9-9)


Сала „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Марјан Огњановски
РК Алкалоид: Трајковски, Цветковски, Галевски, Димевски, Маркоски 1, Стојков 2, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески, Митев, Ѓоргиев 3, Иваноски 1, Симоноски 1, Омерагиќ, Кофилоски 1, Петковски 4
Седмерци: 4/8 Исклучувања: 6 мин.


РК Бутел Скопје: Блажевски, Ивановски, Субашевски, Младеновски 1, Ѓеоргиевски 3, Николов 6, Крстевски, Мојсоски, Спасовски 1, Петрушевски, Стојчевиќ 1, Манасков 1, Јефтиќ 3, Василевски 1, Цветковски, Давитковски 2
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 14 мин

РК Алкалоид победи на уште едно големо првенствено дерби. Вечерва, нашиот тим славеше победа над Бутел Скопје (21-19) и сега е осамен на второто место на суперлигашката табела со шест победи од седум одиграни натпревари.

Овој натпревар беше многу поинаков од досегашните во шампионатот. Се играше со побавен ритам, со многу фаули, цврсти одбрани и малку голови.

РК Алкалоид подобро почна, на почетокот ја играше својата брза игра и по кратко време поведе со 4-1. Гостинскиот состав играше побавно и успеваше да казни грешки што се правеа во брзиот ритам, па набрзо натпреварот доби поинаков тек.
Натпреварот стана тврд, имаше се помалку голови, а играта се сведуваше на напади на поставени одбрани. Свои минути имаа и двата тима, а на полувреме се замина со резултат 9-9.

Во второто полувреме, РК Алкалоид повторно го презема водството, но противничкиот состав секогаш беше резултатски блиску.
Сепак, нашиот тим не му дозволи на противникот да премине во водство. Го контролираше резултатот и успешно ја бранеше тешко заработена предност.

Во финишот, клучен момент беше кога РК Алкалоид успеа да поведе со три гола предност (20-17) и со одлична игра во одбраната која вечерва беше во главната улога успеа да стигне до многу важни бодови.
Мартин Серафимов со седум гола беше нашиот најефикасен играч. Александар Петковски беше втор стрелец со четири гола.