Вести
РК Алкалоид одново подобар од РК Бутел Скопје
РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 22-19 (12-8)
Сала:„ Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Камер Металари
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов 4, Петров, Маркоски, Младеновиќ 1, Серафимов 6, Стојковиќ 1, М. Митев 5, Ѓоргиев 2, Иваноски, Омерагиќ, Кофилоски 1, Петковски 1, Д. Митев, Савревски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 12 мин.
БУТЕЛ СКОЈЕ: Симјановски, Субашевски, Младеновски 1, Стојановски, Георгиевски 2, Николов 7, Мојсоски, Спасовски 3, Стојчевиќ, Манасков 3, Блажевски, Јефтиќ 3, Василевски, Михајловиќ, Мајиќ
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 10 мин.
РК Алкалоид и РК Бутел Скопје, само една недела по натпреварот од Куп на Македонија, одново се сретнаа на терен, но овој пат во битка за првенствени бодови.
Епилогот е ист, повторно победи нашиот тим, овој пат со помалку резултатска неизвесност, но исто како и пред една недела со голема и беспоштедна борба на теренот.
Нашиот тим подобро го почна мечот, поведовме со 4-1, но гостинскиот состав успеа да се врати во игра, дури и да израмни (7-7), но ниту еднаш на овој меч РК Алкалоид не беше во негатива.
Кратко по ова, РК Алкалоид одново ја презема контролата и на одмор замина со предност од четири гола разлика (12-8).
И во второто полувреме се играше со силни дуели, напнатост и резултатски возбудувања поизразено имаше во првата фаза од полувремето. Гостинскиот состав успеа да израмни и во еден краток период се играше во резултатски егал.
Но, во клучниот период од натпреварот, понесени од добрата одбрана, одличните интервенции на голманот Благојче Трајкоски и луцидните погодоци на Марко Митев, нашиот тим одново ја презема резултатската контрола и поведе со 21-17. По ова рутински го приведе мечот до крајот и конечните 22-19.
Сега РК Алкалоид се зацврсти на третото место на табелата со 12 освоени бодови пред гостувањето во Битола, кај екипата на Е. Пелистер 2.