Вести

РК Алкалоид го доби дуелот со РК Мулти Есенс пред гостувањето во Словенија

-->

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК АЛКАЛОИД 23-39 (11-21)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Драган Начевски и Бобан Стојановски. Делегат: Сашо Младенов

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Јорданов, Павличковски, Кленковски, Петрески, Џигеровски 2, Илиевски 2, Ѓокески 1, Костоски, Трајковски 4, Гурмешевиќ 3, Ковачевиќ 1, Ѓорѓиевски 3, Дамчевски 2, Трајкоски 2, Гарбески 1, Тевдовски 2
Седмерци: 5/8 Исклучувања: 2 мин.

РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски, Џонов, Тордарсон 6, Костески, Карасманакис 2, Стојковиќ 1, М. Митев 2, Ѓорѓиев, Цехте 2, Петковски 8, Д. Митев 11, Борзаш 3, Аларов, Ѓорговски 4
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 2 мин.

Првото коло од вториот круг во Суперлигата, односно вкупно 12. првенствено коло, одново донесе дуел меѓу екипите на РК Алкалоид и РК Мулти Есенс, со тоа што улогата на домашна екипа овојпат му припадна на тимот на РК Мулти Есенс.

РК Алкалоид запиша убедлива победа, со која се врати на второто место на табелата. Следниот предизвик за сино-белите ќе биде гостувањето во Словенија викендов, на реванш-натпреварот со РК Горење.



Вечерва РК Алкалоид со три гола по ред на Дамјан Митев и по еден погодок на крилните играчи Александар Петковски и Монси Тордарсон поведе со 5-0 по само шест минути игра. Потоа се воспостави резултатска рамнотежа, која траеше речиси дваесет минути, во кои разликата се движеше околу пет гола.

Во последните шест минути од првиот дел РК Алкалоид одново влезе во ефикасен период и направи серија од 7-1, со која поведе со десет гола разлика (19-9). Истата предност беше актуелна и на полувремето (21-11).




Во второто полувреме немаше толку големи серии. Младите ракометари на РК Мулти Есенс успеваа да одржат баланс, но повремено екипата на Кирил Лазаров влегуваше во подобар ритам, па конечниот резултат гласеше 39-23.

Дамјан Митев со 11 погодоци беше најефикасниот играч на теренот, Александар Петковски постигна осум, а Тордарсон шест за победничката екипа. За тимот на РК Мулти Есенс, Јаков Трајковски постигна четири гола и беше најдобриот стрелец.