Вести

РК АЛКАЛОИД Е ВО ФИНАЛЕТО НА ЕХФ ЕВРОПСКИОТ КУП!

-->

РК РУНАР САНДЕФЈОРД- РК АЛКАЛОИД 34-29 (19-15) Пенали: 1-3

Сала: „Рунархолен“ во Сандефјорд, Норвешка. Судии: Франческо Симоне и Пјетро Монотиљо од Италија. Делегат: Хеинур Леифстад од Исланд
РК РУНАР: Бјронстад, Тригестад, Окерн, Гурих 8, Грам, Рамбо 6, Хоген 1, Боје, Линдел 3, Бергли 2, Ривешјо 1, Миклебаст 2, Сјурсен 1, Кнутсен 2, Венемир 1, Вулвик 7
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин.

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 3, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 7, Карасманакис 1, Стојковиќ 1, Велковски 4, Симоноски, Ивановски 4, Бинго, Франциско 1, Петковски, Митев 8, Савревски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 8 мин.

Седмерци:
1-0 Серафимов
1-1 Ривешјо
1-2 Митев
1-3 Петковски

РК Алкалоид е во финалето на ЕХФ Европскиот Куп! Нашиот тим ја одбрани разликата од првиот меч во Скопје и по подобро изведување на седмерци го елиминираше норвешкиот претставник Рунард Сандефјор.

Конечниот резултат од регуларниот дел е 34-29, а по изведување на пенали, РК Алкалоид славеше со 3-1 и во големото финале, за победничкиот пехар ќе игра со екипата на АЕК од Грција.

Финалните натпревари ќе се играат на 17/18 мај и 24/25 мај.

Норвешкиот состав подобро го отвори натпреварот и поведе со 6-1 што беше вовед во 50 минутна жестока битка во која се наттрчуваа играчите и се надмудруваа клупите. Норвешкиот тим имаше контрола, но РК Алкалоид покажа карактер, се бореше трпеливо и успеа во првото полувреме да намали на 13-16, а на полувреме беше 19-15.

Во вториот дел РК Алкалоид се доближи и на два гола разлика, иако некомплетен успеваше да се спротивстави, но домашниот состав во финишот на натпреварот успеа да влезе во серија што го одведе до конечните 34-29.

По ова, победникот на двомечот се решаваше со изведување на седмерци, а РК Алкалоид беше поуспешен и се пласираше во големото финале.