Вести

РК Алакалоид во групната фаза од Куп на Македонија

-->

РК АЛКАЛОИД – РК АСТРАИОН  47-15 (24-8)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Сашо Младенов


РК Алкалоид: Цветковски, Димевски 3, Младеновиќ 2, Серафимов 1, Илиески 4, Стојковиќ, Ѓоргиев 1, Галевски, Иваноски 8, Симоноски 3, Трајковски, Тодески 4, Кофилоски 6, Петковски 15
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин.


РК Астраион: Наумов, Беловинов 1, Котевски, К. Катранџиев 1, Станковски, Перовановиќ, Д. Катранџиев 1, Цонев 3, Иванов, Ефтимов 4, Пандев 1, В. Стојанов 3, М. Стојанов 1
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид го елиминираше прволигашкиот ривал РК Астраион од Струмица од Куп на Македонија, совладувајќи го со убедлива разлика од 32 гола. 
Немаше резултатски неизвесности на оваа средба. Гостите успешно парираа само во воведните минути (4-4), а потоа Алкалоид се „одлепи“ на 7-4 и10-6.
Поизразена беше доминацијата во следните минути во кои со серија од 14-2, РК Алкалоид стигна до резултатот што беше актуелен на полувреме (24-8).
Во вториот дел продолжи доминацијата беше и поизразена и на крајот РК Алкалоид да стигне до конечните 47-15. 
Крилото Александар Петковски беше најефикасен играч и постигна 15 гола.

Со оваа победа РК Алкалоид се пласираше во групната фаза од Куп на Македонија во која екипите ќе бидат поделени во четири групи со по четири екипи. Победниците ќе се пласираат на завршниот „Ф4“ турнир.

Вчера, во елиминациското коло настапи и екипата на РК Мулти Есенс. Тие беа гости на РК Вардар 1961 и не успеаја да се пласираат во групата, откако беа поразени 18-43.