Вести

Продолжи победничката низа на РК Мулти Есенс

-->

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ТЕКСТИЛЕЦ 38-18 (19-12)


Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Наум Александровски и Мирко Трајковски. Делегат: Александар Атанасовски


РК Мулти Есенс: Штаковски, Ерманоски, Трајковски, Грујевски, Д. Узунчев 8, Тричковски 6, Омерагиќ 5, Алексовски 1, Велков, Младеновски 2, Т. Узунчев 3, Митев 2, Проданов 2, Канг 2, Карасманакис 3, Костовски 4
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин.


РК Текстилец: Боболковски, Петров 3, Чмрлец 1, Димитров 1, Петров 4, Ристов 1, Димитријев 4, Димчевски 2, Џинес, Сенев, Савев 2
Седмерци: 1/4 Искучувања: 10 мин.

РК Мулти Есенс ја продолжи победничката низа во Првата лига која по денешниот триумф над екипата на РК Текстилец изнесува седум победи од исто толку одиграни натпревари. 
Гостите од Штип денеска добро го почнаа натпреварот, во првата фаза имаа и минимално водство, но избраниците на Бранко Ангеловски ја преземаа контролата и во втората фаза на првиот дел, по водството од 12-10, со серија од 7-2 стигнаа до убедлива разлика од 19-12. Тоа водено беше и резултатот на полувремето. 

Набрзо по почетокот на второто полувреме, РК Мулти Есенс поведе и со двоцифрена разлика (23-13). Победникот веќе беше решен, а во продолжение се играше рутински, разликата постепено се зголемуваше, се до постигнување на конечниот резултат 38-18.