Вести

Петта победа за РК Мулти Есенс

-->

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК КИЧЕВО 2020   41-27 (19-12)


Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Божидар Јованов и Пепи Димков. Делегат: Стево Костенчев


РК Мулти Есенс: Штаковски, Ерманоски, Димитриевски 4, Грујевски 3, Д. Узунчев 5, Тричковски 5, Омерагиќ 3, Велков 1, Младеновски 4, Т. Узунчев 7, Митев 2, Проданов 1, Канг, Карасманакис 1, Костовски 5, Георгиевски
Седмерци: 1/3 Исклучувања: –


РК Кичево 2020: Илијоски, Кочески 1, Тошев 2, Никодиновски 4, Најдески, Смилески 1, Јаковлески 4, Фичуроски 7, Јаневски 6, Јованоски 2
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин. 

РК Мулти Есенс jа запиша петтата првенствена победа и сега е сам, на првото место на табелата во групата „А“ во машката Прва лига.
РК Мулти Есенс одново играше дерби меч, а овој пат противник беше екипата на РК Кичево 2020. Оваа средба убедливо ја доби нашиот тим со 41-27 (17-12), но и гостинскиот состав пружи отпор, па натпреварот имаше свој шарм и убавина.

Првите петнаесет минути од натпреварот, беше периодот што беше резултатски нејнеизвесен. Гостинската екипа поведе со 4-2, но РК Мулти Есенс со серија од 3-0 го презема водството (5-4). Потоа во следните десет минути се играше израмнето, а решавачката серија од 5-0, РК Мулти Есенс ја направи од резултат 9-7, по што дојде до 14-7.
До крајот на првиот дел немаше поголеми резултатски периоди на падови или добри периоди, па на одмор се замина со резултат 19-12.

Во второто полувреме, на почетокот се играше во ист ритам како и во првиот дел, а потоа РК Мулти Есенс влезе во подобар период , постигна шест гола, прими само два и за прв пат на мечот имаше водство од 10 гола разлика (28-18).
Потоа беше порелаксиран натпреварот, беа постигнати повеќе голови на двете страни за конечна победа од 41-27 за РК Мулти Есенс.