Вести

Марко Митев одново на терен, нови бодови за РК Алкалоид

-->

РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА 44-27 (20-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат: Бобан Мајнов
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (13 одб), Галевски, Џонов 2, Тордарсон 4, Маркоски, Карасманакис 4, Стојковиќ 6, М. Митев 2, Велковски 1, Симоноски 1, Петковски 4, Д. Митев 4, Трајкоски 5, Иваноски 4, Ѓорговски 7, Гарбески
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 2 мин.
РК СТРУГА: Тутенкоски, Пејоски, Ѓурѓевиќ (7 одб), Мечкароски 2, Костов 4, Клењоски 1, Ферукоски 4, Вељаноски, Алиша, Махдуб 7, Костоски 2, Савески 3, Талевски, Атанасовски 4
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 2 мин.

РК Алкалоид денеска ја запиша осмата суперлигашка победа во сезоната и останува непоразен во пресрет на дерби мечот со РК Вардар 1961 што ќе се игра во недела.

Денеска гостин во Автокоманда беше екипата на РК Струга, а РК Алкалоид ја оправда улогата на голем фаворит и уште од почетокот на натпреварот имаше комплетна контрола врз настаните на теренот.
Средбата беше одбележана со посебен момент за РК Алкалоид. Марко Митев, еден од најдобрите македонски ракометари денеска беше прв пат во составот на Алкалоид по повеќемесечна пауза поради повреда.


Марко Митев го пропушти финишот на минатата сезона и сѐ досега се подготвуваше за враќање на теренот. Денеска, конечно е во составот, што е одлична вест и за македонската репрезентација која во јануари во Данска ќе игра на ЕХФ Еуро.

Резултатски, РК Алкалоид поведе 8-4, 10-5, а на полувреме беше 19-13. Марко Стојковиќ со шест гола беше особено голгетерски расположен во првиот дел.

Резултатската доминација продолжи и во второто полувреме, па во 33 минута веќе беше двоцифрена разлика (23-13). Емилијан Ѓорговски се разигра и стигна до шест постигнати голови по 40 минути игра.
До крајот разликата растеше, за конечно семафорот да застане на резултат 44-27