Вести

ДОМИНАНТНА ПОБЕДА ВО ДЕРБИТО ЗА ЕВРОПА СО ОХРИД

-->

РК АЛКАЛОИД – ГРК ОХРИД 42-31 (22-14).
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 350. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Драган Начевски.

РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Џонов 3, Петров, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 6, Карасманакис, Стојковиќ 7, М. Митев 7, Велковски 2, Симоноски 3, Бинго 3, Д. Митев 6, Савревски 1, Димовски 3.
Седмерци: 3/3. Исклучувања: 10 мин.

ГРК ОХРИД: Ристевски, Ѓорѓески, Ојлески 3, Матцуока 7, Јукиќ 4, Стоилевски 1, Дрогришки, Пелидија 2, Тасески 2, Рудолф, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 1, Орјоникидѕе 5, Бојаниќ 2, Цирар 4.
Седмерци: 6/7. Исклучувања: 4 мин.

Дуелот меѓу двата тима почна израмнето. Резултатот беше близу до 8-7, а потоа РК Алкалоид презеде иницијатива на мечот. Избраниците на Лазаров играа без грешки, а нашиот тим имаше и расположени голмани – Благојче Трајкоски фати шест топки, Иван Галевски одбрани седмерец, за прва поосетна предност од 15-9 во средината на првиот дел.

До финишот на полувремето продолжи ефикасната игра, но РК Охрид цело време ја бркаше нашата позитива. На паузата беше 22-14 за РК Алкалоид, а за одбележување беше одличното прво полувреме на Марко Стојковиќ кој имаше 5/5 учинок, како и неколкуте добри асистенции на Мартин Серафимов за головите.

На стартот на вториот дел Трајкоски продолжи да брани во врвна форма и забележа уште две одбрани, а РК Алкалоид дојде до највисоките 23-14. Додека се играше 43. минута, нашата екипа имаше и плус од десет гола (29-19) и останатиот дел од дуелот во Автокоманда беше само формалност.