Вести

Десет од десет за РК Мулти Есенс

-->

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ОВЧЕ ПОЛЕ   36-29 (19-16)


Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева. Делегат: Ерик Белимов
РК Мулти Есенс: Штаковски, Димитриевски 1, Д: Узунчев 6, Тричковски 2, Омерагиќ 1, Алексовски, Трајковски, Велков, Младеновски 3, Т. Узунчев 4, Проданов 3, Карасманакис 1, Ниновски, Костовски 9, Георгиевски, Иванов 6
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 4 мин. 


РК Овче Поле: Петков, Коцевски 7, Зафировски, Гичев 5, Наневски 3, Цековски 2, Динев, Стефановски, Сентовски, Андов, Крстев 6, Трајчев 3, Петрушев 2, Панев, Ристовски, Тоодоровски 1
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 10 мин. 

РК Мулти Есенс за извојува десеттата победа од исто толку одиграни натпревари и стана првата екипа што и теоретски обезбеди пласман во Плеј оф продолжението од Првата лига. 
ГРК Овче Поле од Свети Николе беше гостинот во „Автокоманда“ и пружи квалитетен отпор, особено во првиот дел првото полувреме. 


Добар дел од почетокот на натпреварот беше израмнето и се играше гол за гол. РК Мулти Есенс го контролираше резултатот, но гостите успеваа да држат чекор, па на семафорот беше или израмнето или беше еден до два гола предност за РК Мулти Есенс. 
Така беше се до 12-11, по што следуваше серија од 3-0 и водство од 15-11 што беше прво поосетно водство за домашниот состав. Резултатската нишалка до крајот на полувремето се движеше од три до четири гола предност. 
На одмор се замина со резултат 19-16. 

РК Мулти Есенс ја зголеми разликата од три на пет-шест гола уште во раната фаза на второто полувреме. Поведоа со 25-19 и 26-20 избраниците на Бранко Ангеловски, а доминацијата ја потврдија и со водство од осум гола разлика (30-22), по што немаа проблеми и рутински ја приведоа кон крајот оваа средба.