Вести

Четврта победа, ја совладавме екипата на РК Струга

-->

РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА   36-29 (17-13)
Сала: Борис Трајковски во Скопје. Судии. Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Драган Начевски.


РК Алкалоид: Трајковски, Галевски, Димевски 1, Маркоски 1, Стојков 4, Младеновиќ 2, Серафимов 9, Стојковиќ 3, Митев 2, Ѓоргиев 2, Иваноски 1, Симоноски 4, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 5, Тодески 2
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.


РК Струга: Тутенкоски, Маркоски 5, Савески 1, Блажески 2, Лазаревиќ, Јанкуловски, Ферукоски 3, Дуноски, Ашталкоски, Ѓуровиќ 5, Стрезоски, Маркоски 2, Костоски 3, Цветаноски 8, Рикановиќ, Нацев 
Седмерци: – Исклучувања: 14 мин.

РК Алкалоид ја запиша четвртата првенствена победа од вкупно пет одиграни натпревари со што направи уште еден чекор напред кон пласманот во суперлигашкиот плејоф.
Во натпревар од петтото коло ни гостуваше екипата на РК Струга, тим што се вбројува меѓу кандидатите за место во Плеј оф. 

РК Алкалоид многу подобро го отвори натпреварот. Игравме одлична одбрана што овозможи да се постигнуваат голови од контра напад и по пет минути игра веќе имавме водство од 5-1. Обидите на гостите да се вратат резултатски во игра немаа преголем ефект. Разликата остана, имавме водство од 8-4, 10-5, а на полувреме беше 17-13.

На почетокот на вториот дел, одново одбраната беше на висина, а брзата игра и транзицијата овозможија нова серија од 5-1 и водство од 22-14. Потоа се воспостави рамнотежа, а на десетина минути до крајот, РК Алкалоид поведе и со 10 гола разлика (34-24). 
Во последните минути од натпреварот, струшката екипа успеа да го ублажи поразот и да намали на конечни 36-29.