Вести
Бодовите од дербито останаа во Охрид
ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД 28-24 (17-11)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегат: Камер Металари
ГРК ОХРИД: Пилиповиќ, Блажески, Ѓорѓески, Стрмљан 11, Ојлески 1, Јагуриноски 2, Иванковиќ 7, Кукуловски, Крсманчиќ, Ристески, Тасески 2, Моралес, Савревски 2, Љапис 1, Петриќ, Ѓукиќ 2
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 8 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 2, Тордарсон 2, Серафимов 2, Карасманакис, Стојковиќ, М. Митев 5, Ѓоргиев 1, Велковски 1, Симоноски 1, Ивановски, Костески 3, Д. Митев 6, Аларов, Ѓорговски 1
Седмерци: 7/8 Исклучувања: 8 мин.

Екипата на РК Алкалоид без бодови се враќа од дерби мечот што се одигра во салата „Билјанини извори“, против домашниот ГРК Охрид.
Натпреварот беше резултатски израмнет во првите 15 минути (6-6), а потоа домашниот тим го искористи периодот во кој РК Алкалоид имаше исклучен ракометар и постигна четири гола во серија со која стигна до водство од 10-6.
Тоа беше клучниот период од натпреварот, во кој една од екипите успеа да направи конкретна разлика.

Резултатот на полувремето беше 17-11, а РК Алкалоид остана и без Марко Стојковиќ кој доби директен црвен картон во финишот на полувремето.
Во второто полувреме РК Алкалоид набрзина анулираше два гола од негативата, до 45 минута одново се врати активно во битка за бодови (20-22), но во периодот што следеше до крајот на мечот, одново не реализираа важни шутеви во клучни моменти со што му отворија шанса на домашниот тим лесно да реализира и одново да изгради разлика, доволна за да ги освои бодовите.
