Вести

Акредитации за натпреварот РК Алкалоид – Бјерингбро – Силкеборг

-->

Почитувани медиуми,

Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и на медиумските работници за натпреварот од третото коло во групата Ф на Европската лига на EHF меѓу екипите на РК Алкалоид и на Бјерингбро-Силкеборг од Данска, кој ќе се игра на 14 ноември (вторник) од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Новинарите од печатените медиуми и од порталите, како и фотографите, своите побарувања за акредитации треба да ги испратат на следнава адреса: marketing@rkalkaloid.mk најдоцна до недела (12.11.2023)

Тeлевизиите, веб-телевизиите, поткастите и радијата/веб-радијата мора да аплицираат директно во EHF за добивање акредитација за следење на натпреварот. Барањата за акредитации треба се реализираат преку онлајн-платформата за акредитирање на EHF: https://accreditation.ehf.eu.

Акредитациите ќе бидат поделени на прес-конференцијата за најава на мечот на 13.11.2023 г., за која ќе бидете навремено информирани.