Вести

Голем триумф за РК Алкалоид во дербито со РК Е. Пелистер!

-->

РК АЛКАЛОИД – РК Е. ПЕЛИСТЕР 30-28 (14-10)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Марјан Начевски

РК АЛКАЛОИД: Галевски 2 одб., Кизиќ 10 одб., Сухолежник 1, Костески 7, Карасманакис, Стојковиќ 2, М. Митев 1, Ѓорѓиев 4, Велковски, Цехте 4, Петковски 2, Д. Митев, Борзаш 3, Аларов, Борозан 1.
Седмерци: 6/6 Исклучувања: 14 мин.

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски 1г, 11 одб, Хеидаридад, Белистојаноски, Видомски 2, Ристевски 1, Серафимов 1, Кузманоски 1, Граховац 1, Хенингман, Кузмановски 7, Пе. Атанасијевиќ 4, Пешевски 2, Хакбарт 6, Колаковиќ, Па. Атанасијевиќ, Нтанзи 2.
Седмерци: 5/8 Исклучувања: 10 мин.

Екипата на РК Алкалоид ги освои бодовите во дербито со РК Еурофарм Пелистер (30-28) во салата „Автокоманда“, во меч во кој нашиот тим одигра одлично и во двата правци и заслужено се радуваше на триумфот кој имаше двојна вредност, затоа што покрај во Суперлигата, носеше бодови и во Регионалната лига.

Во еден дуел во кој видовме добра игра во нашата одбрана, Алкалоид го победи ривалот од Битола за важни бодови во Суперлигата. Се играше на двете страни израмнето се до 10-9, кога Алкалоид влезе во серија, постигна четири гола и резултатски избега на 14-10 на паузата.

На стартот на второто полувреме, нашиот тим обезбеди и шест гола позитива (19-13), со стабилна и борбена игра против ривалот која публиката ја награди со аплауз во повеќе наврати. Гостинот од Битола во еден момент ја преполови негативата, но Марко Кизиќ беше на ниво во клучните моменти. До финишот на натпреварот, нашиот тим ја задржа предноста, со тоа и бодовите во Автокоманда пред европскиот испит против РК Горење Велење од Словенија.