Вести
Четири од четири за РК Алкалоид во Суперлигата
РК МЛАДОСТ 1977 – РК АЛКАЛОИД 24-32 (12-19)
Сала: „Млаз“ во Богданци
Судии: Методија и Михајло Илиевски
Делегат: Марјан Начевски
РК МЛАДОСТ 1977: Панов, Паунков, Илиќ, Атанасов, Андоновски 5, Иванов, Узунчев 4, Јанковски 1, Каркалашев, Младеновски 1, Пеиќ 4, Гогов, Ѓуриќ 2, Бојаниќ 7, Стојановски, Пеев
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин.
РК АЛКАЛОИД: Николовски (10 одб), Галевски 1, Тордарсон 4, Костески 4, Стојковиќ 1, М. Митев, Ѓоргиев 3, Велковски 1, Николов 2, Цехте 3, Петковски 3, Борзаш 5, Аларов, Ѓорговски 3, Борозан 2.
Седмерци: 2/6 Исклучувања: 2 мин.

РК Алкалоид ја запиша четвртата победа во четвртиот суперлигашки натпревар, откако го совлада РК Младост 1977 на гостувањето во Богданци (32-24) во салата „Млаз“. Нашиот тим имаше контрола на натпреварот и заслужено се радуваше на бодовите.

Уште од почетокот на средбата, РК Алкалоид наметна свое темпо. Со расположените бекови и брза транзиција во контрите преку крилата, тимот се одлепи на 4-7, по што беше полесно да се игра. Како што одминуваше времето, така разликата растеше, за 12-19 на паузата. Одличен прв дел имаше и голманот Ѓорѓи Николовски со девет одбрани.

На стартот на второто полувреме, РК Алкалоид со три врзани гола за првпат поведе со двоцифрен плус (14-24) и повеќе немаше дилеми кој ќе биде победникот на натпреварот во салата „Млаз“ во Богданци. Нашите ракометари одиграа дисциплинирано до крајот, па ја задржаа високата разлика во однос на ривалот.