Вести
Без бодови од дербито, враќање на Карасманакис на терен
РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД 30-27 (17-14)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари од Скопје. Делегати: Душко Камишевски и Марјан Огњановски.
РК ВАРДАР 1961: Валах (14 одб), Богдановски, Гогов, Стојановски 3, Воркапиќ 5, Боно, Георгиевски 1, Митровиќ 3, Танкоски, Лазаревски 1, Марчињак, Тузолана 2, Атанасовски, Силва 4, Малус 8, Јанковски 3
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (3 одб), Галевски (6 одб), Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски, Карасманакис 2, Стојковиќ 1, Велковски 1, Ивановски, Костески 6, Петковски 2, Д. Митев 2, Борзаш 3, Аларов 2, Николов 3, Ѓорговски 2
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид не успеа да направи изненадување на гостувањето кај РК Вардар 1961 на натпревар од 28 суперлигашко коло и бодовите останаа за противникот. РК Вардар за кого овој меч беше посебен затоа што беше во централен настан во прослава на голем јубилеј, 65 години од постоење запиша победа од 30-27, на натпревар без преголема тензија и интензитет.
РК Алкалоид беше за нијанса подобар во воведните 10 минути од натпреварот. Домашниот состав израмни и премина во тесно водство, по што натпреварот влезе во фаза во која се одржуваше дистанца од два до три гола.
РК Алкалоид во последната третина од полувремето намали на еден гол разлика (14-15), но невнимание во самиот финиш доведе до конечни 17-14 по 30 минути игра.

За одбележување во екипата на РК Алкалоид е дека на овој натпревар, по пауза од речиси пет месеци поради повреда на раката во игра се врати пикерот Валентин Карасманакис.
Во второто полувреме не се променија битно работите. Противникот успеа да зголеми на пет гола разлика и да ја одржува до последните 10 минути. РК Алкалоид намали на минус три гола и имаше неколку неискористени шанси за да го направи натпреварот драматичен. Реализацијата не беше најсилната страна во последните минути и натпреварот заврши со резултат 30-27. Во следното коло, РК Алкалоид на домашен терен ќе го пречека тимот на ГРК Охрид.
