Вести

Победа на РК Алкалоид во скопското дерби

-->

РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 32-25 (18-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегат: Марјан Огњановски
РК АЛКАЛОИД: Галевски (11 одб), Кизиќ (5 одб), Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски, Серафимов 4, Карасманакис 3, Стоковиќ 7, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Ивановски 1, Костески 5, Петковски 1, Боразш 3, Аларов, Ѓорговски 1
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 14 мин.

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Трајкоски (18 одб), Стојановски, Субашевски 2, Тодески, Ѓоргиевски 1, Николов 4, Новаковски, Спасовски, Т. Узунчев 4, Д. Узунчев 7, Киселовски, Каевски 1, Николоски, Михајловиќ 5, Казакаи 1, Гришкашвили
​Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.


РК Алкалоид ја запиша петтата суперлигашка победа сезонава. На домашен терен во Автокоманда, РК Алкалоид го совлада тимот на РК Бутел Скопје (32-25) и му го нанесе вториот првенствен пораз.

Воведните шест минути од натпреварот беа клучните на натпреварот и ја одредија насоката во која настаните продолжија да се развиваат. РК Алкалоид во првите шест минути од натпреварот поведе со 5-0, во 10 минута беше 8-3 и резултатот постојано беше плус пет или плус шест гола за РК Алкалоид. Само еднаш во 25 минута гостите намалија на четири гола (13-17) пред крајот на полувремето.
Одговорот на сино-белите беше уште еден фуриозен старт, овој пат на второто полувреме. Постигнаа шест гола по ред во вкупната серија од 7-0 со која ја пробија и двоцифрената бариера и поведоа со 24-13.

Потоа беше воспоставен баланс, резултатот се движеше меѓу 10 и 11 гола разлика сѐ до финишот во кој гостинскиот состав успеа да го ублажи поразот.