Сандре Темелковски – Цане Рапо роден 23.08.1956 год. од своите 16 години започнав да играм ракомет. Во тоа време играв за “РК Преспа Сип”, а потоа за Ѓорче и за Карпош. Во Ресен бев тренер на “РК Преспатекс”. По формирањето на “РК Јафа Промет” 4 години бев помошник тренер, а потоа ја формирав младинската екипа на истиот тим. По пропаѓањето на “РК Јафа Промет” 2 години бев тренер на “РК Преспа” од кој во тој период добивме репрезентативци како: Владо Недановски, Влатко и Никола Тасевски. По моето заминување од “РК Преспа” оформив сопствена ракометна школа во која работам 20 години. “РК Младост” е една од најуспешните ракометни школи во Македонија. Расадник на млади таленти кои стасаа и до ракометните висини, сегашните репрезентативци: голманот Никола Митревски, Горан Крстевски, Дејан Кукуловски, како и поранешните: Ласко Андоновски, Горан Пеценковски, браќата Василевски и др. Со “РК Младост” имам освоено 4 пионерски првенства на Македонија, три пати второ место во кадетска и младинска конкуренција. Учествувавме на многу турнири низ Европа, а бевме и организатори на единствениот меѓународен турнир во нашава држава три пати на кој учествуваа 40 екипи од цела Европа. Да се раскажува има многу, но би оставил делата сами да зборат.