КЛ7 Академии

РАКОМЕТНА ШКОЛА АЛКАЛОИД КЛ7 БИТОЛА 2

Тренер

Сашо Гаштевски

Ракомет почнав да тренирам на 12 годишна возраст во пионерската екипа на РК„Пелистер“-Битола. На 14 годишна возраст игравме натпревари на турнири од пионерска конкуренција,а потоа и натпревари во прва македонска лига. Од 16 години бев дел од екипата на сениорскиот клуб РК„Пелистер“. На 17 години учествував на „Трофеј Југославија“ со екипата РК„Пелистер“, а потоа станав дел од неа играјќи првенствени натпревари во тогашната Југословенска лига. По отслужувањето на војниот рок се приклучив на новоформираната екипа РК„Срем“-Скопје. Потоа играв за РК„Жито Битола“-Битола. Во 1991 настапував од основањето на РК„Јафа Промет“-Ресен и таму поминав четири години. Во 1997 ја почнав тренерската кариера како тренер на младинската екипа на РК„Пелистер“-Битола Во 1999 бев тренер на екипата РК„Битола“-Битола. Во 2002 основав моја ракометна школа во која тренираа ракометари кои и денес играат во нашите и странските клубови. Во периодот од 2002-2021 со екипата РШ„Даме Груев“-Битола,а потоа РШ„Хераклеа“-Битола учествувавме на 5 фајнал-фор натпревари во пионерска и кадетска конкуренција со машки и женски екипи и освојувавме прво ,второ и трето место. Јас сум професор по физичко и здравствено образование.Работев како секретар во универзитетскиот спортски сојуз при универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Сега предавам веќе 18 години во основното училиште „Даме Груев“-Битола. Со училишните ракометни екипи кои ги водам 12 пати сме биле први во Битола како во машка така и во женска конкуренција.

Контакт

076 443 744 sasoheraklea@hotmail.com Спортска Сала „ООУ Св. Климент Охридски“ - Битола Среда од 18:30 и Петок од 20:30